Есента и пролетта се периоди кога сите ние добиваме виpycна или бактериска инфекција.
Често се среќаваме со различни воспаленија, бронхитис и кашлица, а честопати боледувањето трае долго.
Виpycните инфекции доведуваат до бронхитис и појава на сува или продуктивна кашлица која може да трае и до 2-3 седмици.
Многумина се разбира, веднаш одат во аптека и купуваат антибиотик.
Кај вирусните инфекции антибиотикот не помага и доколку вашиот доктор не ви го препишал, вие си нанесувате повеќе штета отколку корист.
На тој начин, со беспотребно користење на антибиотиците, вие ја зголемувате резистентноста на микроорганизмите.
Затоа подобро е да се обидете со некои природни лекови кои ќе му помогнат на организмот да се избори со болеста, без несакани ефекти.
РЕЦЕПТ 1
Сварете 250 мл млеко и оставете да излади на собна температура. Додајте 1 лажичка путер и 1 лажичка мед.
Настрана изматете една жолчка од јајце со четвртина лажичка (прстофат) сода бикарбона.
Додајте го во топлото млеко и брзо промешајте за да се изедначи. Овој лек се пие пред спиење, барем пет дена по ред за постигнување на подобри резултати.
Овој лек е одличен за трахеитис, болно грло, кашлица и бронхитис, а можат да го користат сите со претходно советување со својот лекар.
РЕЦЕПТ 2
Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
2 лажици вода
1 лажица мед
2 лажици лимонов сок
ПОСТАПКА:
Измешајте и ставете на оган да се загрее колку да се соединат сите состојки и да се замлачи (не смее да зоврие!). Половината се пие наутро, а втората половина навечер.
Започнете со примена навреме, додека симптомите на виpycот не се влошиле, па никогаш ќе немате проблем со бронхитис и кашлица. И не заборавајте, секој претходно треба да се консултира со својот лекар!