Потребни состојки за тесто:
1 кг брашно
300-400 мл млеко(за почетници доста е 300мл)
200 мл вода
100 мл јогурт
200 мл масло
1 прашок за печиво
1 коцка квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
За премачкување:
1 матено јајце
Сусам за наросување одозгора
За слатко полнење:
Нутела или џем по желба
За солено полнење (за 16 кифлички)
100 г свежо сирење
1 јајце
1/2 лажичка вегета
Постапка:
1.Квасецот издробете го, додадете шеќер, лажица брашно и малку млако млеко. Измешајте и оставете да се активира.
2.Во просеаното брашно додадете прашок за печиво, лажичка сол, промешајте, направете дупче во кое прво го ставате квасецот а потоа и останатите состојки.
3.Со спирални маталки измиксајте тесто во топка која сама се одвојува од ѕидовите на садот. Поклопете и оставете околу 30 мин да се дигне.
4.Тестото истресете го на работна површина и поделете го на 8 еднакви дела. Секој дел исукајте го во круг, па исечете 8 тријаголници (1/2, 1/4, 1/8).
Со рацете секое парче малку развлечете го притискајќи во страна за да бидат малку пошироки а на врвот подолги. Сега тој малку проширен врв засечете го надолжно 3 см двапати (I I)
5.Долу на широкиот дел ставете фил по желба.
6.Со двете раце фатете ги долните краеви, превртете преку филот и лесно притиснете со прстите така да добиете перниче од филот.
Понатаму лесно истркалајте кон горе и кога ќе ја ставате кифличката во тепсија обложена со хартија за печење, малку свиткајте кон себе.
Премачкајте ги со матено јајце и наросете со сусам и крупна сол.
7.Печете на 200 степени додека да добијат убава боја.
coolinarka.com