Со оваа диета се симнуваат 9 килограми доколку лицето уредно се придржува кон упатствата. Алкохолот строго е забранет, кафето се пие без шеќер а салатите се зачинуваат со лимон. Ако не се наведени количините-може да се јаде неограничено.
Диетата доведува до промена во организмот и во текот на следните три години, ако јадете нормално, нема да дојде до трупање на нови вишок килограми.
МЕНИ ПО ДЕНОВИ
ДЕН 1
Појадок: кафе без шеќер
Ручек: 2 варени јајца, спанаќ (со многу малку сол)
Вечера: 1 поголем стек (или 3 мали бифтеци на скара), зелена салата и сиров целер
ДЕН 2
Појадок: црно кафе без шеќер и 1 пециво (ѓеврек, кифла)
Ручек: 1 голем стек, зелена салата и овошје по избор
Вечера: варена шунка
ДЕН 3
Појадок: кафе без шеќер и 1 пециво
Ручек: 2 варени јајца, салата, домати
Вечера: варена шунка, зелена салата
ДЕН 4
Појадок: црно кафе без шеќер и 1 пециво
Ручек: 1 варено јајце, сиров морков, швајцарско сирење
Вечера: овошје и јогурт
ДЕН 5
Појадок: морков со лимон и кафе
Ручек: варена риба и домати
Вечера: 1 стек на скара, зелена салата
ДЕН 6
Појадок: кафе и пециво
Ручек: пиле на жар
Вечера: 2 варени јајца и свеж морков
ДЕН 7
Појадок: чај со лимон
Ручек: стек на жар, овошје по избор
Вечера: по избор, што сакате
Од 8.ден диетата се повторува и трае уште една недела. Потоа е дозволено да се јаде нормално.