Потребни состојки:
50 г лист од магданос
50 г камшик (петровец)
30 г босилек
30 г кантарион
30 г коњско опавче
20 г дршки од цреши
Една лажица од мешавината се прелива со 0,5 литар зовриена вода. Поклопено да отстои 20 минути па да се процеди и да се испие на гладно.
Исто така, да се помешаат еднакви делови од: ајдучка трева, жалфија, кантарион, лист од бреза, ува и цвет од бозел. Една лажица од оваа мешавина да се прелие со 0,5 литар зовриена вода, да се остави да се излади поклопено околу 20 минути.
<
Процедено се пие пред оброк, во три еднакви дози.




































