Рецептот за овој превкусен кремаст колач со вишни и готово, купечко лиснато тесто вреди да го пробате. Нема многу работа околу подготовката, бидејќи веќе користите готов тесто, единствено нешто е што ќе треба да го изматите кремот. Вишните може да бидат свежи или смрзнати, а може да користите и друго овошје по желба. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млеко, 2 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 5 супени лажици шеќер (100 г), 2 супени лажици брашно, 4 супени лажици густин/скроб/нишесте (40 г), 60 г путер или маргарин, 250 мл слатка павлака, 1 лиснато тесто (275 г), 100 г смрзнати вишни, декорација по желба




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете две јајца, па додајте една кесичка ванилин шеќер (10 г) и пет супени лажици шеќер (100 г). Малку изматете со жица-маталка додека шеќерот да започне да се растопува.




Во матените јајца додајте две полни супени лажици брашно, 4 супени лажици скроб/нишесте/густин (40 г) и постепено додавајте 500 мл млеко. Добро изматете додека сите состојки да се растворат и изедначат, а во смесата да нема грутчиња.




Тенџерето со млечната мешавина ставете ја на оган и варете ја на умерена температура со непрекинато мешање додека започне да се згуснува. Кога ќе се згусне како пудинг, тргнете го тенџерето на страна и додајте 60 г путер/маргарин исечкан на коцки.




Мешајте со жица-маталка додека путерот целосно да се растопи и да се инкорпорира во кремот. Претурете го во друг сад, покријте го со стреч-проѕирна фолија и оставете целосно да се излади.




За тоа време отворете го лиснатото тесто и исечете го на ленти со приближна широчина од 2 см. Ќе добиете 16 ленти. Лентите внимателно наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па ставете да се испечат во загреана рерна на 180 степени околу 12-14 минути.




Кога се печени треба да добијат златнорумена боја, па извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Во посебен сад пенасто изматете 100 мл слатка павлака со миксер додека да добиете шлаг.




Пенасто изматете го и оладениот крем, па започнете постепено шлагот да го додавате во кремот додека непрекинато матите (шлагот и кремот треба да бидат на иста собна температура). Кога ќе се соединат ќе добиете мазен и нежен крем.




Доколку имате калап со димензии 25х12 може да користите без превртување на колачот, или пак, користете калап за леб (тесен, долгнавост, а длабок) претходно обложен со проѕирна-стреч фолија. На дното ставете една шестина од филот (3-4 супени лажици) и рамномерно распоредете во тенок слој.




Потоа наредете четири ленти лиснато тесто (или колку собира во вашиот калап), па врз нив премачкјате една третина од филот (пет лажици). Израмнете, па наредете 50 г вишни, а врз нив лиснато тесто (5 ленти). Повторно, 1/3 фил, 50 г вишни и 6 ленти лиснато тесто. Одозгора премачкајте една шестина фил.

Колачот завиткајте со фолија одозгора и оставете го во фрижидер 20-24 часа за да може лиснатото тесто убаво да омекне. Едно лиснато стапче кое ќе ви остане ситно изронете го со раце, па наросете го колачот.

Потоа превртете го врз десертна тацна и целиот премачкјате го со шлаг од изматена 150 мл слатка павлака. Одозгора наросете рендано чоколадо или декорирајте по желба. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.