Секогаш се водам по овој рецепт бидејќи е совршен и ни е омилен на целото семејство. Многу едноставна торта, многу брза и што е најважно – многу вкусна. Запишете си го рецептот зошто многу често ќе ја правите.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 големи јајца (Л величина), 240 г шеќер (на секое јајце оди по 30 г шеќер), 11 полни лажици брашно, 1 прашок за печиво, 1-2 ванилин шеќер, нешто помалку од 100 мл млеко и 50 мл масло. И ќе ви биде потребно уште малку рендана кора од половина лимон и половина портокал.
ПОСТАПКА: одделете ги жолчките од белките. Во жолчките додајте го поголемиот дел од шеќерот и ванилиниот шеќер, а остатокот ставете го во белките, но само малку за да се измешаат. Но, не го додавајте веднаш шеќерот во неразматените белки, туку изматете ги пенасто на најсилна брзина со миксерот, а потоа во нив постепено додавајте го шеќерот.
Матете со миксерот постојано додека смесата да стане снежна и сјајна. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот. Јас секогаш прво ги матам белките за да не ги мијам маталките од жолчките. Ако прво ги изматите жолчките треба да ги измиете маталките бидејќи белките нема да се запенат добро.
Потоа во жолчките се додава млеко, малку по малку и се меша со миксер на најмала брзина и потоа се додава маслото на ист начин. После тоа, малку по малку се додава брашното измешано со прашокот за печиво и лесно се меша со дрвена или силиконска лажица.
Секогаш мешајте во иста насока и трудете се да не навлезе многу воздух во бисквитот за да избегнете формирање на големи дупки при печењето. Кога ќе додадете околу половина, смесата ќе стане прилично густа, а јас потоа почнувам да ги додавам изматените белки за малку да се „разблажи“.
Потоа повторно додавате брашно, па мешате, потоа белки и така додека да потрошите од двете состојки. На крајот за арома додајте малку рум и ако имате домашна непрскана рендана кора од лимон и портокал. Ова ќе даде божествен мирис на целата куќа и колачот.
Ако сакате темен бисквит, одземете две лажици брашно и додајте уште толку (можеби и малку помалку) какао. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час, зависи од јачината на вашата рерна.
Во првите 20 минути, никогаш не ја отворајте рерната за да не „падне“ бисквитот. После печењето, проверете дали добро е испечен бисквитот со чепкалка за заби. На сликата е бисквит од 8 јајца, печен во плех 30х23 см и исечен на три дела напречно, а може да филувате измеѓу со пудинг по желба, но и вака празна е многу сочна.
(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г бисквити, 100 г ореви, 200 г шеќер, 60 г какао, 240 мл вода, 150 г путер, 1 лажичка екстракт од ванила, 120 мл слатка павлака, 120 г млечна или чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА: сите бисквити искршете ги и оставете ги во подлабок сад. Пропржете ги оревите околу 5 минути, повремено мешајќи, па додајте ги искршените бисквити. Во тенџере измешајте шеќер и какао, па додајте вода со постојано мешање.
Добро соединете да се добие еднолична смеса, па додајте путер и ставете на рингла путерот да се растопи и добро соедини со смесата. Ќе ви биде потребно 7-8 минути готвење на средна температура. Изладете околу 10-15 минути, па додајте екстракт од ванила. Промешајте и прелијте преку искршените бисквити измешани со ореви.
Добро промешајте за да може кремот насекаде да се распореди, па истурете во плех или во некој подлабок сад за да можете да го обликувате колачот. Тоа направете го со лажица или шпатула, па откако ќе обликувате, поклопете го садот со тортата и оставете го да излади во фрижидер половина до еден час.
Пред да ја извадите тортата од фрижидер, ставете слатка павлака да проврие, па со неа прелијте го чоколадото. Оставете да отстои така една минута, па почнете со мешање додека добро да се соедини. Излејте ја смесата врз тортата. Откако ќе ја премачкате тортата со оваа смеса оставете ја пак да се излади во фрижидер, барем 3-4 часа пред послужување, а најдобро преку ноќ.