7 годишно девојче со намален слух живее со својот болен татко во разрушена куќа во Куманово

Едит: Трајко Василевски тел: 078/646728

“Дајте ми работа ќерка ми оглувува треба да се лекува, а најмногу од се сака да пее!
Трајче Василевски и неговото семејство живеат во Куманово.

Не се срамат да кажат дека биле азиланти, дека спиеле под мостови дека биле бездомици. Затоа сега со гордост ја покажуваат куќичката која успеале да ја направат ама знаат дека е нивна иако кровот прокиснува постои опасност да се запалат од струјата , нема излолација.

Но на немаштијата и нема крај сега ги навјасале здраствени проблеми. Трајче има проблем со срцето но срце го боли за ќерката која има мака со едното уво и полека оглувува. Трајче моли за работа некоја полесна поради здраствените проблеми но чесна.

Тој бил дете без родители како што вели дете на државата. Сега има свои деца за кои вели не се понакви од другите деца, но заслужуваат родители какви што тој ги немал, да се грижат за нив, да ги нахранат и да ги лекуваат.”

Понекогаш животот знае да биде суров, па да се обидеме да му помогнеме на ова семејство.

Семејството Василевски од Куманово има итна потреба од помош.

Живее во неприфатливи услови и во скоро разрушен дом. Главата на семејството – Трајко Василевски – е болен од срце и не е во состојба да работи.

Исто така боледува од кила и мора итно на операција.

Едната нога му е 3 см пократка од другата и мора да прави операција на колк.

Неговата ќеркичка Меланија има 7 години и има значително намален слух.

Нивниот дом има потреба од реставрација бидејќи при невреме постои можност од струен удар. Исто така им фали и мебел.

Ова се документи од дијагнозите на Трајко и неговата ќерка:

Денарска сметка на Трајко:

320500008706022

Девизна сметка:

МК07 3205 4002 7651 963

Централна кооперативна банка

Донирајте само со еден клик ТУКА.

Преземено од alalives.com