7 ДЕНА БЕВ НА АВТОФАГИЈА ЗА ДА ОСЛАБАМ: Еве како изгледаше и што ми се случи по шестиот ден од гладувањето…Решив да јадам според правилата на автофагијата и првите 7 дена изгледаше вака…
Слушнав толку многу позитивни работи за автофагијата што решив да ја испробам. Целта ми беше секако да ослабам. Еве како поминав во првите 7 дена од автофагијата:
Ден 1: Ова воопшто не е тешко! Никогаш не сум имала навика да појадувам рано, лесно можам да останам без храна до ручек, поради што не ми е проблем првиот оброк да го преместам околу 10 часот.
Така отприлика ја замислив мојата недела. Појадок околу 10, ужина околу 12, ручек околу 14 часот, ужина повторно околу 16 часот и вечера пред 18 часот.
Првиот ден помина без проблеми, не бев гладна во ниту еден момент, дури ни навечер – иако подоцна вметнав и тренинг во распоредот после кој не вечерав.
ПРОЧИТАЈТЕ: „ВЕСНА: Имам 64 години, а изгледам на 42, го пијам само овој СОК и болестите не допираат до мене“ – ОВДЕ.
Не се фокусирав премногу на консумацијата на храна или на фактот дека бев ограничена на било кој начин, овој ден помина без проблеми и лесно. Преживеав 1/7!
Ден 2: Цревата ми кркорат… Денеска поради многу напорно утро го прескокнав планираниот оброк во 10. После тоа редовно го следев планот за оброци и последниот оброк го имав во 18 часот.
Веќе околу 20 часот почувствував глад, што храбро го игнорирав бидејќи „нема шанси да се сопнам следниот ден“. Мислам дека нема полошо чувство од тоа да лежам во кревет со „празен стомак“, гладна…
Не можев да заспијам од чувството на глад, цело време стомакот ми кркореше и чувствував мала главоболка. Се прашував, како можев да поверувам дека ќе спијам подобро поради диетата 16:8…?
Ден 3: Се чувствувам добро. Иако синоќа заспав гладна, се разбудив расположена и воопшто со добро чувство. Не бев гладна, но јадев лесен овошен оброк во 10 часот.
Продолжив со полесен ручек и поконкретна вечера – затоа што решив дека сепак треба да јадам малку подобро во 18 часот, за да не бидам гладна навечер. Дури се чувствував доволно енергична за да трчам и не се чувствував гладна до крајот на денот.
Ден 4: Се чувствувам одлично! Денеска се разбудив со толку многу енергија што дури и се изненадив.
Досега сфатив дека многу ми е потребен оброк во 10 часот наутро, бидејќи кога ќе го прескокнам, сè уште чувствувам поголема глад, па денес со задоволство го изедов првиот оброк. Дали го спомнав фактот дека и јас секојдневно се почастувам со десерт? Ја сфатив сериозно работата „сè е дозволено да се јаде“!
ПРОЧИТАЈТЕ: „„АКО САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ ДО 10 КГ, КОРИСТЕТЕ АВТОФАГИЈА НА ОВОЈ НАЧИН: Д-р Иванов опиша детален план што и кога да јадете“ – ОВДЕ.
5-ти – 7-ми ден: А, вака треба да биде засекогаш? Мојот проблем е секако – викендите. Веќе првата сабота, или шестиот ден, го прекинав постот затоа што не можев да не одам на роденденската прослава и како (како?!) да не одам на вечера со другарките?
Мојот заклучок по 7 дена автофагија:
Имам многу енергија, се чувствувам добро, јадам сè како порано, спијам добро, ми се чини дека внимавам малку повеќе на она што го ставам во телото затоа што сакам да внесам доволно хранливи материи во рок од 8 часа, но сè на сè е едноставно и лесно.
Воопшто немам ослабено, но се чувствувам некако полесна и поенергична.
Мојот мозок е дефинитивно почист. Во проблематичните ситуации не подлегнувам на грицкање сè и сешто – мојот мозок работи со полна пареа и без слатки и кофеин во големи количини.