6 причини зошто менструацијата ви доцни, a не сте бремени. Првото нешто што ни доаѓа на ум на нас жените кога се споменува менструалниот застој е бременоста, но причините можат да бидат различни. Исто така е важно да се знае дека нередовниот менструален циклус е прилично честа и нормална појава во модерниот начин на живот.




Како што сугерира името, менструалниот циклус е процес кој се повторува и е индивидуален во однос на времетраењето, времето на почетокот и интензитетот. Широко се верува дека циклусот трае 28 дена, но во реалниот живот тоа не е така.

„Нормалниот“ менструален циклус трае 21 до 35 дена (7 дена помалку или повеќе од 28). Кога циклусот трае помалку од 21 ден, се смета за многу краток циклус и тоа се нарекува полименореа, додека циклусите подолги од 35 дена се сметаат за многу долги и состојбата се нарекува олигоменореа.




Вообичаено е менструацијата да започне подоцна или порано од вообичаеното, и, во повеќето случаи, тоа не треба да биде причина за загриженост. Ако вашиот циклус е редовен (што не значи дека треба да трае 28 дена, па наеднаш циклусот ви станува изреметен, можеби станува збор за бременост, но ако сте сигурни дека не е, еве ги можните причини зошто менструацијата одеднаш доцни.




CTPEC

Иако кога сте под с трес може да ви се зголеми адреналинот и да ве држи будни и продуктивни, постојаниот и хроничен с трес може да доведе до значителни здравствени проблеми, вклучително и промени во циклусот.

Тоа е затоа што во с тресен период, вашиот хормонален баланс се менува, а потоа редовниот циклус може да се поремети. Покрај промените во менструалниот циклус, големиот с трес може да донесе поголемо кр-вавење, посилна менструална б олка и други непријатни појави.




Ако сте прилично сигурни дека с тресот е причина за вашите менструални проблеми, можеби ќе треба да размислите што го предизвикува. Размислете дали е поврзано со работата, дали има проблеми во врската, во семејството или се работи за некој друг извор на с трес.




СИНДРОМ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ

Веројатно сте слушнале дека синдромот на поличцистични јајници често предизвикува зголемен раст на косата , цисти на јајниците, зголемување на телесната тежина и нередовни периоди. Во овој случај треба да посетите гинеколог и да направите неколку рутински прегледи.




ПЕРИМЕНОПАУЗА

Перименопаузата е период на промени и обично започнува околу 45-годишна возраст. Ова е периодот пред менопаузата, што значи дека започнува 4-5 години пред целосно да прекине менопаузата и трае околу пет години по влегувањето во менопауза. Но, кај некои жени, перименопаузата може да започне веќе во средината на триесеттите години.




Иако перименопаузата е сосем нормална појава и се случува кај секоја жена, нејзините симптоми можат да бидат извор на голема загриженост, особено ако сте помлади и не очекувавте дека ќе започне толку брзо. Ако сте загрижени или не можете да најдете решение за вашите проблеми, секогаш е добра идеја да разговарате со вашиот лекар.




ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА

Понекогаш прекумерното губење или зголемување на телесната тежина може да предизвика промени во хормоните, а хормоналната нерамнотежа доведува до промени во циклусот.

Затоа е важно да одржувате здрава, урамнотежена исхрана, редовно да вежбате и да го негувате вашето тело како целина. Идеално, не треба да има значителни флуктуации на тежината за краток временски период за да може телото да се прилагоди, советуваат докторите.




ПИЕТЕ АПЧИЊА ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА

Апчињата за контрацепција треба да го направат вашиот циклус точен, нели? Вистина, но понекогаш, кога ќе престанете да ги земате или само што сте почнале да ги земате, на вашето тело му треба малку време да се прилагоди на новата хормонална состојба, што може да резултира со неправилности во циклусот. Ваквите појави се нормални.




ПРИСУСТВО НА ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ

Некои хронични состојби и болести може да доведат до одложување на менструацијата и нередовен циклус. Ова се случува затоа што во повеќето хронични состојби (дијабетес, болести на тироидната жлезда, воспалителни заболувања на дебелото црево, итн.) Во телото има воспаление што доведува до хормонални промени и нерамнотежи, а потоа може да доведе до неправилности во вашиот циклус.