Темјанот е ароматична смола што се добива од дрвото наречено Boswellia. Ова дрво е типично за сувите и топли региони како Индија, Африка и Блискиот Исток. Темјанот е познат по тоа што се користи за религиозни цели, а при палењето развива силен и наобично пријатен мирис.

Се користи и во ароматерапијата, во производството на парфеми и етерични масла, козметички масажи и за други намени во традиционалната медицина. За медицински цели се користи во форма на масло, чај или се инхалира. Во модерниот свет постојат и суплементи од темјан.

На многумина темјанот им е познат од црковните обреди каде се користи за кадење на домовите. Се верува дека чадењето со темјан ги брка зл-ите ду-хови. Темјанот е позната билка уште од пред 5000 години, а во Африка и на Арапскиот полуостров имала вредност колку тон злато.

Во Египет темјанот бил користен за балсамирање на мумиите. Во ајурведската медицина темјанот се користи за лекување на артритис, некои форми на рак, за лекување на рани и заштита од патогени микроорганизми.

Според Ајурведата, секојдневното кадење на домот со темјан се верува дека носи добро здравје и штити од болести. На Блискиот Исток, темјанот се користел за одржување на хигиена во усната шуплина.

Главната причина поради која темјанот изобилува со бројни лековити својства е босвеличната киселина. Оваа киселина е изолирана како главна активна супстанција, на која се поврзани многу терапевтски ефекти.

Маслото од темјан најмногу се користи за третирање на воспалителни болести на цревата (улцеративен колитис и Кронова болест), каде што е научно потврдено дека маслото придонесува за подобар терапевтски ефект во комбинацијата конвенционалната терапија.

Босвеличната киселина го намалува формирањето на воспалителни леукотриени со инхибиција на дејството на ензимот 5 – липоксигеназа. Леукотриените се молекули кои се инхибирачки фактор предизвикувачи на воспалителните процеси.

Како силно антиинфламаторно масло, темјанот исто така се користи за лекување на остеоартритис, ревматоиден артритис и астма. Исто така, има корисен ефект врз депресијата, справување со стресот, нарушен имунитет, инфекции, болки во мускулите, вртоглавица и чиреви.

Друга важна карактеристика на темјанот е тоа што може да ги разложи камењата во бубрезите и жолчката (затоа се препорачува брзо да се проголта, бидејќи може да го оштети заштитниот слој – глеѓта на забите).

Неколку студии се во тек за да се докаже антиканцерогениот ефект на маслото од темјан, бидејќи ин витро студиите докажаа присуство на антиканцерогено дејство кај ракот на простата, јајници и дојка.

Д-р Сухаил од Универзитетот во Оклахома изолирал 17 активни состојки од маслото од темјан кои делувале на мутирана ДНК на малигни клетки спречувајќи понатамошна поделба и прогресија на малигното ткиво.

Науката потврдила неколку потенцијални ефекти на темјанот како:

Помага во лекување на остеоартритис

Според некои истражувања маслото од темјан може да ги намали болките во зглобовите, да го намали отокот и да ја подобри подвижноста на зглобовите. Комбинација од масло од темјан и маслиново масло може дополнително да помогне заради антивоспалителните карактеристики кои ги поседува. Се смета дека истиот ефект го има и кај ревматоидниот артритис.

Помага во лекувањето на астма

Имајќи во предвид дека астмата е воспалително заболување на дишните патишта, научниците препорачуваат инхалации со маслото од темјан за отворање на респираторниот пат и подобрување на астматичната состојба.

Ги смирува главоболките и симптомите на мигрена

Инхалацијата и ароматерапијата со масло од темјан се покажале како смирувачки третман во борбата против мигрена и главоболки. Силниот мирис од ова масло го намалува стресот, го опушта организмот, а болните симптоми на мигрена исчезнуваат. Дополнително маслото од темјан го намалува лошиот холестерол, го спречува ноќното хрчење, а се покажало и како ефикасен лек против бронхитис и пневмонија.

Го забавува стареењето на кожата

Почетните истражувања покажуваат дека маслото од темјан ги намалува брчките, грубата текстура и дамките на кожата предизвикани од штетните УВА и УВБ зраци. Уште од дамнешни времиња во Индија темјанот се користел за правење на разни масла, тинктури и креми за нега на женското лице.

Маслото од темјан за лице се користи за затегнување на кожата и истовремено ја штити кожата од разни влијанија. На природен начин, ги намалува дамките кои остануваат после акни, спречува појава на затнати пори и ги ублажува веќе формираните брчки.

Може да го нанесете на стомакот, под очите или брадата. Нанесете неколку капки директно на кожата, на посакуваното место и направете блага масажа со лесни кружни движења. Маслото од темјан помага и во борбата против целулитот.

Одржување на орална хигиена

Темјан може да ве ослободи од лошиот здив, забоболка, рани во устата и други инфекции што можат да се појават. Ако имате некој од овие проблеми, купете паста за заби во чиј состав влегува ова лековито растение. Можете дури и да направите природна паста со мешање на темјан масло со сода бикарбона.

Помага при надуеност

Редовната употреба на маслото од темјан ги регулира гасовите и спречува надуеност во стомакот. Со отстранување на вишокот гасови од цревата, исто така, се намалува абдоминална болка, абнормално потење, непријатност и многу други абдоминални состојби.

Темјанот е одличен диуретик

Суштински, темјанот е природна и безбедна алтернатива за исфрлање на вишокот вода од телото. Покрај загубата на вода, се излачуваат масти, натриум, урична киселина и други токсини. Исто така, е забележано дека влијае и врз снижување на високиот кр-вен притисок.

Како да направите есенцијално масло од темјан?

Правењето на оваа домашна подготовка не е воошто тешко ниту комплицирано. За да направите домашно масло од темјан, ќе ви ви бидат потребни: смола од темјан, масло што ќе служи како основа (се препорачува маслиново масло), чиста стаклена тегла и хартиена крпа.

За почеток, смолата треба да се исечка и да се подготви за работа. Користете аван и толчник за ситно дробење на смолата. Конечниот производ треба да изгледа како прашок. Колку е поситно исечкана смолата, толку подобро ќе се раствори во маслото.

Истурете 9 супени лажици исечкана смола во стаклена тегла и прелијте со маслиново масло. Покријте со хартиена крпа и ставете капак. Ова спречува навлегување на прашина и други нечистотии во теглата.

Теглата со смесата треба да отстои на сончево место. Оставете ја смесата да стои на прозорецот најмалку 2 дена. Нема да погрешите ако го оставите и еден месец. На тој начин ќе добиете многу посилно и ароматично масло од темјан. По некое време, процедете го маслото преку газа и складирајте го во темно шише. Потребно е да се чува на темно место и да се користи по потреба.

Маслото од темјан за лице оди добро во комбинација со јојоба или кокосово масло. Комбинацијата на овие масла го зголемува ефектот на темјанот. Одлично оди со масла од агруми, но и со есенцијално масло од лаванда, познато како масло за релаксација. Маслото се користи во вид на масажа.

Крем за смирување на лузни

Потребни состојки: 50 г кокосово масло, 10 капки масло од јасмин, 10 капки масло од темјан.

Постапка: Во сад со дебело дно, растопете го кокосовото масло додека да стане течно. Додадете ги преостанатите масла и промешајте. Можете да нанесете топол крем на местото покриено со лузни. Кремот чувајте ја во затворена стаклена тегла на собна температура. Користете по потреба.

Ноќен крем за лице

Поради есенцијалните мириси што ги содржи, овој крем може да ви помогне полесно да заспиете. Потребни состојки: 5 капки есенцијално масло од темјан, 5 капки масло од лаванда, 1/5 лажица кокосово масло и ½ лажици маслиново масло.

Бидете сигурни дека кокосовото масло е доволно течно. Ако не е, во тој случај загрејте го малку за да омекне. Ако е веќе доволно меко, измешајте го со останатите состојки. Чувајте ја оваа смеса во стаклен сад и нанесувајте ја пред спиење. Покрај лицето, може да ја користите и како лосион за тело.

Користење на маслото од темјан може да има несакани последици доколку се комбинира со некои антиинфламаторни лекови како ибупрофен. Маслото ја стимулира циркулацијата на кр-вта, затоа е забрането да се користи за време на бременоста, бидејќи може да го зголеми протокот на к-рв низ матката и да доведе до спонтан або-ртус.

Предозирање со масло од темјан може да предизвика гадење, дијареја, осип на кожата, но ако ги следите препораките за земање, тоа е многу безбедно за употреба. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.