Фото и рецепти, како и видео прилог на  Riznica Tajni – 30 рецепти за посни колачи.

Одличен избор на ситни посни колачи кои би можеле да ја зборгата вашата трпеза доколку имате посна слава.

ТУЛУМБИ

Потребни состојки:

3 чаши (јогуртни, од 180 г) вода, шолјичка масло, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво, 500 г шеќер.

Постапка:

2 чаши вода и маслото се ставаат на оган да зовријат, се трга на страна и се додава брашното помешано со прашок за печиво. Смесата добро се мати и се остава целосно да излади. Се става во слаткасрски шприц, па се ситискува во плех обложен со хартија за печење (со величина по желба). Се пече во загрена рерна на 180 степени или според вашата рерна.

За шербет: Шеќерот се прелива со чаша вода и се вари густ сируп. Печените тулумби прелијте ги со сирупот и оставете да отстојат барем два часа.

КОКОС РОЛАТ

Потребни состојки: 450 г мелени посни кекси, 500 г шеќер во прав, 4 штангли чоколадо за готвење, 200 мл вода, 170 г маргарин, 250 г кокос.

Постапка: Измешајте 450 г мелени кекси со 250 г шеќер во прав. Растопете го чоколадото со водата и 20 г маргарин. Додадете ја и смесата со мелени кекси и шеќер во прав. Фолијата наросете ја со 50 г кокос, ставете ја смесата и развлечете кора.

150 г маргарин изматете со 250 г шеќер во прав и додадете 200 г кокос, па премачкајте преку развлечената кора. Свиткајте ја кората во ролат и оставете 15 минути во фрижидер. После тоа сечете го и послужете.

МЕДЕНА ПИТА

Потребни состојки:

350 г маргарин, 350 г шеќер, 150 г мед, 500 г брашно, 1 прашок за печиво, 4 лажици газирана вода, 1 пудинг од ванила, сок од 2 лимони, 250 г шеќер во прав.

Постапка:

Пенасто изматете 100 г маргарин и 150 г шеќер. Додадете 150 г мед, 4 лажици газирана вода и 500 г брашно помешано со една кесичка прашок за печиво. Замесете тесто и поделете го на три дела. Секој дел посебно развлечете го на хартија за печење со величина на плхот. Корите печете ги посебно, секоја по 15 минути врз превртен плех на 180 степени.

Сварете го пудингот од ванила со вода и оставете го да се олади. Изматете пенасто 250 г маргарин со 200 г шеќер и сок од еден лимон, па соединете со изладениот пудинг. Премачкајте ги изладените кори и редете ги една врз друга. Потоа прелијте ги со глазура добиена од шеќер во прав и лимонов сок. По желба можете да изрендате и чоколадо.

Остатокот од рецептите погледнете ги во видео прилогот: