2 јаболка и 10 минути за овие брзи колачиња кои целиот свет сака да ги проба

Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни рецепти – Брзи колачиња со јаболка и мелени бисквити, неодоливо вкусни. Постапката за приготвување е брза и едноставна, нема потреба од печење. Колачот е евтин, а комбинацијата од состојките го прави посебен. Не пропуштајте и направете го!

Потребни состојки: 2 јаболка, 2 супени лажици шеќер, 250 г мелени бисквити (плазма или по ваш избор), 50 г ореви. За крем: 400 мл млеко, 8 г ванилин шеќер, 2 супени лажици шеќер, 2 супени лажици нишесте. Декорираме со чоколадни капки/трошки или рендано чоколадо.

Постапка: Јаболката убаво измијте ги под млаз ладна вода, па излупете ги. Потоа изрендајте ги од крупната страна на рендето. Ренданите јаболка ставете ги во тава и наросете ги со две супени лажици шеќер. Ставете ги на рингла на умерена температура.

Пржете ги јаболката 5 минути додека да омекнат и да испари течноста која тие ќе ја испуштат. Кога се пржени, јаболката префрлете ги во друга чинија и додека се топли додадете 50 г ситно сечкани ореви и 250 г мелени бисквити, па состојките промешајте ги со лажица.

На крај соединувањето на смесата завршете го со рака. Треба да добиете смеса со конзистенција на влажен песок, но сепак компактна која лесно се обликува со раце. Не треба да го оставате во фрижидер за да одмори, туку веднаш поделете го тестото на осум делови, а од секој дел формирајте топка.

Топките од бисквитното тесто со јаболка наредете го во калап и започнете да го приготвувате преливот. Во тенџере ставете 400 мл млеко, додадете 8 г ванилин шеќер (една кесичка), 2 супени лажици обичен шеќер и 2 супени лажици нишесте (густин/скроб).

Добро промешајте со жица-маталка, па тенџрето ставете го на рингла, на умерена температура. Варете го кремот со постојано мешање додека тој да згусне, исто како за пудинг. Додека е врел кремот веднаш прелијте го рамномерно врз топките во калапот.

Оставете малку да подизлади кремот неколку минути, па одзгора наросете чоколадни трошки, од кафеаво и бело чоколадо. Оставете го колчот 10 минути да се олади па послужете го. Многу е вкусен, се топи во уста. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – Земете 4 јаболка и едно пакетче бисквити, па направете го овој брз и вкусен колач. Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни рецепти. Колачот навистина е едноставен, лесен и брз, а што е најважно, многу е вкусен, се топи во уста. За да го подготвите овој колач ќе ви бидат потребни само 5 состојки.

Потребни состојки: 4 јаболка, 400 г бисквити (Petit Beure), 500 мл вода, 5 супени лажици шеќер, 500 мл млеко, 2 пудинзи со вкус на ванила (80 г) и цимет за наросување одозгора (по вкус).

Постапка: Најпрво јаболката измијте ги со ладна вода, а потоа излупете ги. Исчистете ги од семките и исечете ги на крупни коцки. Прелијте ги со половина литар вода, додадете 5 супени лажици шеќер и ставете ги на оган. Откако ќе зовријат, варете ги на умерена температура 10 минути.

Додека се варат јаболката, на страна измешајте две кесички пудинг од ванила со половина литар млеко. Добро промешајте да нема грутчиња. Кога јаболката ќе се сварат и омекнат, изблендирајте ги со рачен миксер. На крај треба да добиете течна кашеста маса.

Во врелата смеса постепено додадете го разматениот пудинг со постојано мешање со маталка. Варете го кремот додека да згусне, а потоа тргнете го од рингла и оставете го врз решетка. Не чекајте да се олади, туку веднаш додека е топол кремот во него додадете 400 г искршени бисквити.

Кексите кршете ги крупно со рака. Промешајте за рамномерно да се натопат бисквитите во кремот. Вака добиената смеса излејте ја во калап/плег обложен со проѕирна фолија и димензии од 15х20 см (или приближно). Смесата распоредете ја рамномерно и израмнете.

Оставете го колачот да се лади во студена просторија за да се стегне. Доколку немате ладна просторија, најпрво оставете го да се олади на собна температура, а потоа оставете го во фрижидер уште неколку часа додека убаво да се стегне.

По изминатиот период колачот превртете го врз чинија за сервирање и отстранете ја фолијата. Одозгора наросете цимет во прав. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Loading...