Здраво, јас сум Керолин и сакам со вас да го споделам домашно приготвениот крем кој ми помогна да изгледам многу помладо од моите реални години. Го стимулира колагенот и ја измазнува кожата.
Се приготвува од евтини состојки, а многу е подобар од скапите брендови и лосиони. Секој може да си го направи овој колагенски крем против стареење. Ја затегнува кожата како природен ботокс и ја остава кожата без брчки, сјајна и младешка.
Една од состојките од кои се приготвува овој крем е лукот. Не грижете се, не се чувствува мирисот. Дали веќе сте го користеле лукот во природната козметика? Лукот ги содржи витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б7, Ц, Е како и бројни минерали.
Содржи алицин кој делува антиинфламаторно и има одлични антифунгални ефекти. Исто така, многу ефикасно ја спречува појавата на брчки на лицето и вратот, а неговите својства биле познати и користени со векови. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 чешниња лук, 250 мл вода, 1 супена лажица скроб/нишесте, 1 мала лажичка бадемово масло (или по избор), 1 мала лажичка гел од алое вера (купечко или од свеж лист), 3-4 капки масло од лаванда (по избор), 2 мали лажички мед, неколку капки есенцијално масло (портокал и цимет или по ваш избор)
ПОСТАПКА: Ставете ги чешнињата лук во тенџере и залијте ги со 250 мл вода (една чаша). Ставете на оган да се вари 5-6 минути на умерена температура, додека да омекне лукот. Тргнете настрана да се олади, а потоа испасирајте ги (со рачен блендер) и смесата процедете ја низ сито.
Додајте една супена лажица скроб и добро промешајте за да нема грутчиња. Ставете да се загрева на ниска температура и мешајте додека да згусне и да се добие кремаста смеса. Добиениот крем од лук поделете го на два дела.
Во едниот дел додајте една лажичка бадемово масло и промешајте за да се апсорбира. Можете да го замените со некое друго масло кое е соодветно на вашата кожа. Потоа додајте една лажичка алое гел и повторно промешајте.
Најпосле, додајте 3-4 капки масло од лаванда или пак, вашето омилено есенцијално масло. Добро измешајте ги состојките. Чувајте ја смесата во мала стаклена тегличка, во фрижидер до 7 дена.
УПОТРЕБА: Се нанесува на чиста кожа од лицето и вратот, а може да го нанесува и на областа околу очите. Оставете го да делува 30 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Се нанесува трипати неделно. А сега, да го подготвиме и вториот крем:
Во втората половина од луковиот крем додајте две лажички мед, па промешајте додека смесата да се изедначи. Потоа додајте неколку капки од вашето омилено есенцијално масло. Јас користам портокал и цимет.
Напомена: овие креми не мирисаат на лук! Па дури и ако не ставите етерично миризливо масло!И овој природен крем се чува затворен во соодветен сад, во фрижидер до 7 дена. Се нанесува на кожата од лицето и вратот.
Легнете и оставете да делува еден час. Потоа исплакнете со млака вода. користете 3-4 пати неделно. Деталите од подготовката погледнете ги ОВДЕ.