Дали знаете како правилно да го исчистите клима уредот и зошто е тоа толку важно? Задолжително е целосно чистење на уредот на овој начин еднаш месечно за да се елиминираат сите микроорганизми кои би можеле да го загрозат нашето здравје.

Клима уредот правилно се чисти на овој начин:

1. Исклучете го клима уредот. 2. Отворете го капакот под кој се наоѓаат филтрите и извадете ги филтрите. 3. Ги носите филтрите во када или туш кабина и ги миете од прашина.

4. Во шише со распрскувач ставете 100 мл алкохолен оцет, неколку капки детергент за садови и 100 мл вода. 5. Протресете за да се измеша содржината и испрскајте ги филтрите со овој спреј.

NMD.mk

6. Оставете го спрејот да делува 10-тина минути. 7. За тоа време, избришете го клима уредот од сите страни со крпа натопена во асепсол (се купува од аптека, средство за дезинфекција).

8. Исплакнете ги филтрите под млаз вода додека да се исчистат целосно. 9. Оставете ги да се исцедат и испрскајте ги со асепсол. 10. Кога целосно ќе се исушат, вратете ги во клима уредот.