1 чаша јогурт и 20 минути печење, многу вкусен и брз рецепт за печиво. Рецепт на Брзи Рецепти. Полнето печиво со сирење, топло, меко и вкусно како душа.. Мора да го пробате што е можно поскоро бидејќи е многу вкусно.

Одлично за појадок или вечера, а излегуваат многу печива. Може да го филувате печивото по желба, или да направите различни со повеќе филови. Во овој рецепт, печивата се полнети со сирење и магдонос, но може да си ставите што сакате, шунка, кашкавал, павлака..

Потребни состојки: 120 мл јогурт (1,5 шолја), 60 мл вода, 50 мл сончогледово масло, 1 јајце, 1 лажица лимонов сок, 1 лажица сол (или помалку), 1 лажица шеќер, 1 лажица прашок за печиво, 350 г брашно (3,5 шолји), 25 г путер/маргарин, сусам, сирење, магдонос..

Постапка: Тестото се замесува на следниот начин: Извадете ги јогуртот, водата, јајцето и путерот да отстојат на собна температура некои половина до 1 час пред замесување на тестото.

Во подлабок сад ставете го јогуртот, отстојан на собна температура. Додајте ја водата, маслото. Малку промешајте со жица-маталка и издвојте ја белката од жолчката. Белката додајте ја со другите состојки, а жолчката зачувајте ја за премачкување.

Исцедете лимонов сок во лажица и додајте заедно со солта и шеќерот. Повторно соединете и додајте го прашокот за печиво. Брашното просејте го низ сито и постепено додавајте го во тестото додека да замесите фино и меко тесто.

Во полузамесеното тесто додајте го мекиот путер и вметнете го во средина на тестото додека уште го замесувате. Убаво замесете го на набрашнета рамна површина. Потоа вратете го во длабокиот сад, поклопете со крпа и оставете да отстои 10 минути.

Потоа повторно размесете го тестото и развлечете го во валјак. Поделете го на еднакви делови, отприлика со дебелина од 3-4 прста и секое топче развлечете го во круг. Ситно исекајте го магдоносот и издробете го сирењето.

Сирењето и магдоносот соединете ги и ставете во секое развлечено тесто во форма на круг. Значи секое кругче го пресекувате до половина, како тортила и ставате од филот на едната страна. Потоа виткате како ролат и добивате ружичка.

Го затворате отворениот дел и ружичките ги редите на плех обложен со хартија за печење. Поконкретно како да го формирате тестото, може да погледнете во видеото, а постапката е многу лесна и едноставна.

Наредените печива се премачкуваат со преостанатата малку разматена жолчка и помешана со малку масло и одозгора се наросуваат со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.