Јогуртни уштипци-мекици МЕКИ КАКО ПАМУК…Жешки ги премачкувам со сос од лук…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 чаша јогурт (на собна Т)
500 мл млака вода
малку сол
1 коцка квасец
2 лажици масло
Брашно по потреба за тестото да биде средно меко.

За сос од лук:
4 чешниња лук, ситно сечкани или рендани
3-4 лажици масло и
малку сол.

ПОСТАПКА:

1.Замесете го тестото од наведените состојки и оставете да отстои 30 минути. Треба да биде меко.

2.Потоа истресете го на набрашнета работната површина и поделете го на мали топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат уште 10 минути.

„МЕКИЦИТЕ ОД СТРАЖА“…МЕКИ КАКО ПАМУК…Најдобар рецепт за вкусен појадок…

3. Со рацете развлекувајте ги и пржете ги во умерено загреано масло. Додека се жешки премачкувајте ги со сосот од лук. Постапката погледнете ја ОВДЕ.