Постојат повеќе рецепти за подготовка на овој старински колач, а овојпат добивме нов рецепт кој се состои само од пет состојки и не содржи брашно туку само гриз. Се подготвува само од пет јајца, а доколку сакате да го прочитате фаворитниот на НМД (со 10 јајца), рецептот ќе го најдете веднаш под овој. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 10 лажици шеќер, 10 лажици гриз, 1 литар млеко, 2 кесички ванилин шеќер. ПОСТАПКА: Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките, па белките изматете ги во цврст снег.
Постепено започнете да го додавате шеќерот во днегот додека непрекинато матите со миксерот. Кога ќе се растопи и шеќерот, започнете да ги додавате жолчките една по една. Потребно е да добиете многу густа, кремаста смеса.
Во изматените јајца започнете да го додавате гризот, но овојпат брзината на миксерот намалете ја на најспора. Кој сака, може по вкус да додаде и рендана кора од лимон. Плех или тепсија со средна величина намастете со малку масло на дното и ѕидовите.
Излејте ја смесата во плехот, протресете за да се израмни, па ставете во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 20 минути. Кохот е печен кога ќе зарумени и ќе почне да се одвојува од ивиците на плехот.
Додека се пече плехот, настрана сварете го млекото со шеќерот. Ако сакате кохот да биде посочен, тогаш користете литар ипол млеко и додајте уште три лажици шеќер. Печениот кох со кутлача преливајте го со топлото млеко, а послужете откако добро ќе се олади и ќе го впие млекото. А, еве го и вториот рецепт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 јајца, 10 лажици шеќер, 10 лажици гриз, 8 лажици брашно. ЗА ПРЕЛИВ: 1 литар млеко, 2 кесички ванилин шеќер (20 г)
ПОСТАПКА: Од десет јајца одвојте ги во посебни садови белките од жолчките. Потоа пенасто изматете ги белките со миксер, постепено додавајќи го шеќерот, лажица по лажица, вкупно десет лажици шеќер. Матете додека шеќерот да се растопи и да добиете цврст снег.
Потоа една по една додавајте ги жолчките, па намалете ја брзината на миксерот и додајте го гризот, исто така, една по една лажица. Кога ќе го додавате брашното на крај, нема да ви биде потребен миксерот, туку треба да промешајте со лажица или шпатула, внимавајќи да остане смесата пенлива.
Тепсија или калап со пречник од 28 см мамастете ја на дното и страните, а потоа набрашнете ја (вишокот истресете го). Потоа излејте ја смесата, распоредете еднакво и израмнете. Ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени, 15-тина минути.
Во ладно млеко додајте две кесички ванилин шеќер и промешајте да се раствори. Печениот колач додека сè уште е топол прелијте го со ладното млеко. Колачот оставете го во фрижидер да се олади пред сервирање.