Црешите се исклучително здраво овошје бидејќи содржат големи количества витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, но и најзначајниот од сите – антоцијанидинот. Освен што се превкусни, црешите се многу здраво овошје. Овие црвени плодови содржат природни шеќери кои го подобруваат расположението и го подигаат нивото на енергија.

Ова се неколку причини зошто почесто треба да јадете цреши:

Ви помагаат да спиете поубаво: ако имате проблеми со несоница, јадете цреши за да спиете поубаво. Содржат мелатонин кој им помага на луѓето коишто стра-даат од инсомнија.

Одлични се за видот и кожата: уште една причина повеќе зошто треба да јадете цреши. Црешите се полни со витамин А, а дел од овој витамин е бета каротен кој го подобрува видот. Ретинол е уште еден дел од витаминот А кој ѝ помага на вашата кожа да изгледа здраво и свежо.

Редовното консумирање на цреши го намалува ризикот од појава на pак. Полни се со природни и моќни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од појава на канцеp и ги намалуваат ефектите на стареење.

Црешите можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во кр-вта, снижувајќи го нивото на лошиот ЛДЛ холестерол. Ова е важно бидејќи секој процент на холестерол го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 2 проценти.

Црешите ги чистат бубрезите и мочните канали, одличен диуретик се и го стимулираат излачувањето на урина.

Колку повеќе поцрвенуваат, толку повеќе црешите стануваат поздрави. Во 50-тите години од минатиот век, лекарот Лудвиг Кох докажал дека црешите лекуваат ревма и костобол, дека го намалуваат нивото на урична киселина и лекуваат воспаленија.

Значи, доколку патите од гихт, препорака е сега да ја искористите сезоната на цреши и ова овошје да го јадете што почесто.

Корисни својства на црешите: лекуваат костобол и ревма; спречуваат предвремено стареење и појава на брчки; претставуваат природен лек против целулит; ја поттикнуваат работата на цревата, желудникот, панкреасот и општо го подобруваат дигестивниот систем;

Помагаат да се исфрли вишокот течности од кр-вотокот и на тој начин го растеретуваат срцето, а ги активираат црниот дроб и бубрезите; спречуваат појава на кариес и забни наслаги. Дваесет цреши имаат 10 пати посилно дејство од аспиринот.

ЧАЈ ОД ПЕТЕЛКИ ОД ЦРЕШИ

Овој чај надалеку е познат како одличен лек за висок крвен притисок, но и против бубрежни болести како и болести на уринарните патишта.

Еден грст петелки од цреши (колку што ќе зафатите со раката), ставете да се варат во зовриена вода, две минути. Оставете малку да отстои, процедете и незасладено пијте го овој чај, во голтки, во текот на целиот ден.

ЗА УМОР: За да ја ели-минирате физичката и умствената исцрпеност, јадете трипати дневно по 250 г цреши.

ПРОТИВ БУБРЕЖНИ КАМЧИЊА: лажичка исечкани петелки од цреши прелијте со 200 мл вода или млеко, па откако ќе зоврие варете 1 до 2 минути. Потоа процедете и пијте трипати на ден.

ПРОТИВ РЕВМА: Во текот на осум дена секојдневно пијте сок од свежи цреши, трипати на ден по една чаша.

ПРОТИВ СРЦЕВИ ПРЕЧКИ: иситнете 25 семки од цреши и ставете ги во 80 мл силна ракија. Нека отстои 10 дена на собна температура, а потоа пијте по 5 капки тинктура, двапати на ден.