Само затоа што сте гладни не значи дека на вашето тело му требаат повеќе калории. Овие медицински состојби можат да откријат што всушност е проблемот. „Понекогаш гладувањето не доаѓа од стомакот, туку од главата,“ така викаа нашите баби, мислејќи на прејадувањето.
Депресија
Ако не сте сигурни зошто сте постојано гладни, еден од можните одговори може да биде вашето расположение. Внесувањето храна често е одбранбен механизам за луѓето кои страдаат од депресија или анксиозност, а една од причините може да биде тоа што немаат доволно серотонин.
Храната како тестенините може да го подигне неговото ниво, објасни Холи Лофтон, нутриционист и специјалист за контрола на телесната тежина. Депресијата, додава тој, нема да се „лечи“ со целер, туку со оние намирници кои мајка ви ги давала кога сте биле нерасположени, како чоколадо.
Стресот
Кога сте под стрес, нивото на кортизол се зголемува, што ќе го натера вашето тело да копнее за храна, дури и ако всушност не ви се потребни калориите. Иако не е потребен, кортизолот испраќа сигнали до мозокот дека не сте сити. Токму тоа е причината поради која стресот е поврзан со прекумерното зголемување на телесната тежина.
Тироидната жлезда
Ако сте постојано гладни и јадете повеќе од вообичаено, но некако сѐ уште изгледате слаби, можно е тироидната жлезда да ви прави проблеми. „Тироидната жлезда е ендокриниот хормонален орган кој ги забрзува сите процеси во телото, така што може да очекувате забрзување на метаболизмот и како резултат на тоа ќе се појави глад“, вели д-р Лофтон.
Можно е поради неправилно функционирање на тироидната жлезда да почувствувате дека никогаш не сте сити, што и да јадете. Промената на расположението, кршливите нокти и опаѓањето на косата исто така може да бидат знаци за проблем со тироидната жлезда.
Дебелина
Прекумерното уживање во храната може да доведе до дебелеење, но тоа е маѓепсан круг каде што самата дебелина може да предизвика постојана желба за храна. Вишокот маснотии може да предизвика прекумерно лачење на инсулин, а резултатот е силен апетит, објаснува Лофтон.
Покрај тоа, вишокот маснотии ќе ја намали чувствителноста на хормонот лептин бидејќи мастите произведуваат сопствени хормони и поради оваа причина, луѓето кои се дебели постојано чувствуваат глад, за разлика од оние кои се слаби.
Дијабетес
Дијабетесот тип 1 и 2 ќе го наруши нивото на шеќер во крвта, создавајќи циклус на постојан глад. Нискиот шеќер во крвта го поттикнува апетитот, но прејадувањето во овој случај може само да ги влоши работите.
Проблемот е што апетитот воопшто не може да се задоволи, па се чини дека личноста не успева да го намали вишокот килограми. Дури и ако сте постојано гладни, следете го нивото на шеќер во крвта и избегнувајте тешка храна и преработени производи.
Менструација
Хормоналните промени во циклусот може да значат дека 10 коцки чоколадо не се доволни за да ја задоволат потребата за слатко. Но, потребни се малку повеќе калории за да се задоволат потребите на организмот во тој дел од месецот, бидејќи телото е во фаза на висока енергија, поради што жените се чувствуваат уморни. Задоволете ги вашите желби со храна која е поздрава од она по која веднаш би посегнале.
Лекови
Зголемениот апетит може да биде несакан ефект од употребата на одредени лекови, како што се оние за депресија, алергии и лупус. Не прескокнувајте лекови, но ако тие не прават да се чувствувате добро, разговарајте со вашиот лекар за можна замена.
Дехидратација
Дури и ако само се чувствувате гладни, можеби погрешно сте го разбрале организмот кој всушност сака само вода. Кога сте дехидрирани, без да ги почувствувате физичките ефекти, прво може да почувствувате глад. Започнете го денот со вода и секогаш имајте ја во близина. Не пијте слатки пијалаци наместо вода, бидејќи тие само ќе испратат сигнали до мозокот дека сте гладни.
Несоница
Без препорачаниот сон, кој треба да трае 8 часа, телото тешко ја регулира работата на хормоните кои го контролираат апетитот, па тој ќе се зголеми и нема да ви е гајле што јадете, сѐ додека нешто јадете. Бидејќи стресот често е причина за несоница, обидете се да се соочите со овој проблем за повеќе да немате проблеми со спиењето.