Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу голема, бидејќи може да ви помогне во најнеочекувани ситуации, да ви заштеди време, пари и нерви.
1.Со помош на глицерин можете да исчистите “тешки” дамки:
-дамки од бобинки може да исчистите така што еден час ќе го дрижте валканото место потопено во глицерин, а потоа ќе го исперете во солена вода!
-многу лесно ќе ја исчистите сважата дамка од кафе или чај ако на извалканиот дел од облеката ставите смеса од глицерин и сол во однос 1:1. Штом избледи дамката, веднаш исперете ја на вообичаен начин, рачно или во машина.
2.Глицерин против прашина.
Ако со глицерин го исполирате лакираниот дрвен мебел, па дури и огледалата, прашината нема да се таложи на нив.
3.Глицеринот ги обновува кожните работи
Ако кожната гарнитура со текот на времето се излитила (или јакна, чанта…), пребришете ја со глицерин. Можеби нема да и го врати првобитниот иглед, но ќе изгледа многу подобро и поново.
4.Ќе ви ги светне подовите
Ако дома имате паркет или ламинат, пребришете ги со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода). Повторно че засјајат!
5.Глицерин за коса
наједноставниот начин: Додадете неколку капки глицерин во шампонот при секое перење на косата и косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Глицерин може да додавате и во маските и пакувањата за коса. Оваа вискозна супстанција ги обновува влакната и ги хидрира.
6.Глицерин за раце
Во продавниците може да пронајдете креми за раце со глицерин. Исклучително се корисно, како за ладни, така и за врели денови. Зимно време ги штити рацете од студ, а летно време ја ублажуваат иритацијата и јадежот на кожата. Можете едноставно да ставите малку глицерин на проблематичните и суви делови од рацете или да направите бања за раце: неколку капки глицерин ставете во топла вода.
7.Глицерин за кожа на лице
Глицеринот одамна се користи во козметичката индустрија и покрај еволуцијата на различни компоненти во козметиката, и натаму е популарен меѓу произведувачите. Факт е дека поседува единствена способност – брзо ја впива влагата и долго ја чува. Ако го нанесете на лице, кожата нема да го апсорбира, туку глицеринот ќе содаде невидлив “филм”/слој, кој привлекува микроскопски молекули од вода кои се наоѓаат во воздухот и со самото тоа ќе ја хидрира кожата.
Ако живеете во место каде е ниска влажноста на воздухот, тогаш не го користете глицеринот или мешајте го со други креми.
8.Глицерин за пети
Глицеринот можете да го користите за нега на груба кожа на рацете, стапала и испукани пети. Рецептот е проверен и делотворен. После 10-тина денови ќе ги забележите фантастичните резултати! Вашите пети ќе станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.