Понекогаш и покрај сите торти и колачи, ролати и кремови, најмногу ги сакаме „добрите, стари“ палачинки. Рецептот за добро тесто е многу едноставен: јајца, брашно, млеко или вода, малку сол и – спремно е за пржење.




Секако, голем број домаќинки ќе речат дека задолжителна е газираната вода, но искрено, палачинките може да излезат совршени и без неа. Една од вештините на готвачите е да додадат малку прашок за печиво, но ниту тоа не е задолжително.




Истата ситуација е и со маслото – некои ставаат малку масло во тестото, а други само малку ја намастуваат тавата пред секоја палачинка. Но, зошто некогаш излегуваат „жилави“, па какви и да сме ставиле состојки во тестото?




Одговорот е многу едноставен, а малкумина се свесни за него: затоа што премногу долго сте го мателе тестото. На овој начин најчесто се мамат почетниците, оние кои немаат во искуство во кујната, па веруваат дека е потребно да се вложи што поголем труд и дека на тој начин палачинките ќе бидат многу повкусни.




Вистината е всушност дека дека со долго матење се развива повеќе глутен во тестото и поради него палачинките излегуваат жилави. Поентата е всушност во нешто сосем друго: треба да се измати тестото само колку да нема грутчиња во него.




Со виљушка изматете ги јајцата со малку сол (може и пенасто со миксер доколку сакате, прво белките додека да се претворат во снег, а потоа да ги додавате една по една жолчките), потоа додајте го млекото, а на крај брашното.




Кога ќе го додадете брашното потребно е да го промешате само онолку колку што е потребно да се раствори во течните состојки и да нема грутчиња. Секое продолжено матење повеќе од потребното ќе предизвика ослободување на глутенот.




Вака приготвеното тесто оставете го кратко да отстои, па додајте вода по желба до посакуваната густина. на овој начин ќе нема грутчиња, ниту потреба од долго матење. Кога ќе ги испржите палачинките ќе бидат меки како душа. Најдобриот рецепт за палачинки можете да го прочитате ОВДЕ.