Тинитус или зуење во ушите

СИМПТОМИ:

-звуци во ушите, на пр.ѕвонење, шумови, брмчење, свирење; звуците се јавуваат одвреме-навреме или се постојани
-понекогаш губење на слухот.

*Ако имате тинитус, тоа може да биде симптом за здравствено нарушување:

-висок крвен притисок
-намалени активности на штитната жлезда
*Ако бучењето е придружено со болки или гној во ушите, тоа може да се знаци за инфекција во увото.
*Ако бучењето е придружено со вртоглавица, тоа може да биде знак за Мениерова болест или некоја невролошка тегоба.

Човекот кој страда од тиниус или ѕвонење во ушите има чувство дека слуша брмчење, свирење, црцорење или други звуци.

Овие звуци може да се слушаат повремено или постојано и со различна гласност. Честопати се засилуваат кога ќе стивне надворешната врева, па тоа треба да се има во предвид кога ноќе се обидувате да заспиете во тивка соба. Во ретки случаи звукот го придружува ритамот на срцето.

Тинитусот предизвикува:

-непријатно чувство,
-проблеми со концентрацијата и спиењето,
-може да влијае и на работата и на личните односи,
-психолошки нарушувања.

Тинитусот во некои случаи е предизвикан од инфекции или препреки во увото и исчезнува откако болеста ќе се излекува.

Но, тинитусот честопати останува и по лекувањето на болеста. Во тој случај поинаквото лекување-конвенционално и алтернативно- може да донесе големо олеснување, со ублажување или со придушување на несаканите звуци.

ПРИЧИНИТЕЛИ

-создавање ушна кал,
-тумор на слушниот нерв,
-дупнато ушно тапанче,
-изложеност на силни звуци
-изложеност на ненадејна, многу гласна бучава
-лекови(аспирин и антибиотици),(се наведува како несакано дејство кај околу 200 лекови)
-оштетување на ушниот полжав поради стареење
-Мениерова болест
-нарушување на внатрешно уво
-висок крвен притисок
-алергии
-анемија
-намалена работа на штитната жлезда
-синдром на виличен зглоб
-стрес

КОНВЕНЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА

*Ако причина за тинитус е вишокот ушна маст, лекарот ќе ја исчисти со мала пумпа или стапче со вата на врвот.

*Ако имате инфекција на увото, може да ви препишат капки за уво кои содржат хидрокортизон, за намалување на чешањето, и антибиотик против инфекции.

*Во случаи на дијагноза на отосклероза или тумор, можеби ќе биде потребен оперативен зафат.

*Ако тинитусот е последица на синдромот на виличен зглоб, лекарот, веројатно, ќе ве упати кај ортодонт или друг специјалист за заби поради соодветно лекување.

*При хроничен тинитус се дава интравенски лидокаин.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

Гинкото го намалува тинитусот. Се употребува 40 мг сушена билка или 1-2 лажички течен екстракт трипати на ден.

ХОМЕОПАТИЈА

-Ако се јавуваат звуци како брмчење или свирење: Chininum sulphuricum.
-Ако се јавува звук на ѕвонење: Kali iodatum.
-Ако се јавува бучење и привремено губење на слухот: Salicylicum acidum.
-Ако бучењето е придружено со чувство на боцкање и затнатост на ушите: Carboneum sulphuratum.

ИСХРАНА

За да се подобри циркулацијата во ушите, внесувајте помалку заситени масти и холестерол при исхраната. Додатокот на нијацин-100 до 6000 мг дневно- може, исто така, да го намали холестеролот. Внесувањето на поголеми дози нијацин треба да биде следено од стручно лице.

Проучувањата покажале дека многу луѓе кои боледуваат од тинитус не внесуваат доволни количества витамин Б12. Нутриционистите препорачуваат внесување на 6 микрограма дневно.

Исто така, некои показатели упатуваат на додаток на витамин А (5000 до 10000 МЕ дневно) кој може, барем делумно, да помогне при тинитусот.