Одговорот е многу едноставен, но многумина не сакаат да го прифатат и секогаш имаат изговор дека нешто друго е причината. Тујите се сушат затоа што…
Немаат доволна вода и точка. Не станува збор ниту за болест, ниту за зрачење.
ДОЖДОТ НЕ МОЖЕ ДА ГИ НАВОДЕНИ ДОВОЛНО ТУЈИТЕ
Ќе се обидам да ви објаснам зошто се сушат тујите и покрај дождовите и покрај редовното полевање.
Кореновиот систем на оваа билка се наоѓа главно на длабочина од 3/ до 60 см. Површинското полевање и дождот не можат да ја натопат земјата на таа длабочина, а коренот на овие билки е слаб да продре во подлабоките слоеви на земја каде има длабинска влага. Тоа го можат високите четинари боровите, елките…
Секоја година има се помалку снег и земјиштето останува недоволно натопено. Кога ќе започнат високите температури, брзо се исцрпува водата од површинскиот слој. Земјата може да распука и дополнително да го исуши тлото.
Кога со цревото се обидуваме да ги полеваме билките, водата “бега” и насекаде е влажно, но тоа не измамува и мислиме дека земјата е доволно навадена. Ако закопаме со ашов ќе видиме дека нема влага веќе на 10 см. Истото се случува и со дождот: Помага билката да се избања, но на истата мора да и се обезбеди вода во кореновиот систем.
КАКО СЕ ПОСТАВУВА И ВКЛУЧУВА ЦРЕВО СО СИТЕМ КАПКА ПО КАПКА?
Измерете колкава е должината на оградата, односно билките. Купете ја или порачајте ја саканата должина. Наместете го цревото по земја и тоа е сè. Кога сакате да полевате, вашето градинарско црево прикачете го брза спојка која се добива во комплетот и пуштете водата полека да тече.
Без копање, стоење и држење на цревото – на овој начин постигнувате многу повеќе, бидејќи добро го натопувате тлото. Капките вода рамномерно излегуваат од цревото и длабински ја натопуваат земјата. Површината делува сува, но кога ќе закопате ќе видите дека има влага во подлабоките слоеви. Тоа на билките ем е потребно. Нема големо испарување и коренот рамномерно ја добива неопходната вода. На овој начин најмалку се троши вода а се добива најдобар ефект.
КАКО СЕ ПОЛЕВААТ ПОЕДИНЕЧНИ БИЛКИ?
Ако тујите или другите билки поединечно се садени, тогаш не се препорачува ваквото поставување на црево. Веројатно сте забележале дека во градските услови покрај дрвата се вкопува дебело дренажно црево кое се полни со вода и полега испушта влага во подлабоките слоеви на земјиштето.
При садењето можете да поставите парче дренажно црево и на тој начин да го решите проблемот со полевањето. Ако дрвото или тујата е од порано посадено, тогаш пуштете ја водата полека да тече и така подобро да ги натопи подлабоките слоеви на земја. Погледнете го видеото со конкретен предлог како тоа да се направи: