На сите може да ни се случи печениот компир да впие премногу масло, да излеле како варен и мек, да му недостига крцкав надворешен слој… Но, со само еден додаток кој сите го имаме в кујна, тоа веќе нема да биде случај…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
компири (количина по желба, приближно 2 кг)
рузмарин (по можност свежо гранче)
магдонос
3 чешниња лук
сол и црн пипер
100 мл екстра девствено маслиново масло или маст
1 лажица сода бикарбона
ПОСТАПКА:
Компирот излупете го, измијте го, исечете го на коцки со големина по ваша желба и оставете малку да отстои во ладна вода.
Во поголемо тенџере сипете доволно вода која ќе биде доволна за компирот. Кога водата ќе зоврие сипете една лажица сол и една лажица сода бикарбона.
Сипете го претходно процедениот компир и варете го додека да малку да омекне, но не и да се распаѓа. Во зависност од големината на парчињата, доволни се 15-тина минути. Оставете го на цедалка за да се исцеди од водата.
Во тава со маслиново масло кратко пропржете ситно сечкано лукче и ситно сечкан рузмарин (или зачинска билка по ваш избор).
Маслото процедете го а зачините сочувајте ги настрана и употребете ги подоцна како додаток на компирот. Маслиново масло сипете го во плех обложен со хартија за печење, па додајте го добро процедениот компир.
Измешајте го компирот добро рамномерно да се намасти, посолете и запиперете по вкус и потреба, па ставете во претходно загреана рерна на 170 степени на врел воздух и печете додека да добиете златнокафеава боја.
Компирот извадете го, ставете го во посебен сад и додајте го лукчето, рузмаринот и ситно сечкан свеж магдонос. Нека ви е на здравје! / Skuѕѕt / Сооlinarika.сom
Прочитајте: „Посен МАНАСТИРСКИ компир од рерна: толку вкусно, а ќе ве чини само 50 денари“ – ОВДЕ.