Зборот „Амин” се користи во многу религии и култури, главно на крајот на молитвите. Неговата употреба е вообичаена, особено после изговорена молитва или благослов, но честопати луѓето кои го користат дури и секојдневно, не се сигурни во неговото значење.




Зборот „Амин” доаѓа од хебрејскиот збор “āmēn” и опстојал илјадници години до денешен ден. Неговиот изговор е прилагоден на различни јазици, но значењето главно останало исто.




Ова е еден од првите пишани зборови во Хебрејските списи и се споменува во Библијата. Неговото основно значење е афирмација, или „амин” значи нешто што се случило, или нешто за што се зборува, или нешто што ќе се случи, всушност значи дека е „без сомнение, навистина, неспорно“.




„Амин” може да се преведе како „така е“ или „така нека биде“, и се користи како последен вид потврда за кажаното. Кога се користи во молитва, обично се кажува на крајот и потврдува за што сте се молеле и што сте кажале.




Овој збор симболично го претставува печатот на се што е претходно изговорено, што се зборува во духовна смисла, и може да се преведе како „дополнително зајакнување на тие зборови.“




Исто така, Арапите го користат зборот „амана“ што има исто значење како и амин, и според митологијата и легенди употребата на овој збор на древната египетска цивилизација и е поврзана со египетскиот бог Амон, кој понекогаш се нарекува Амин.




Исто така, овој вреден збор, во комбинација со прекрстувањето ја зајакнува вашата молитва и се верува дека носи здравје, мир и бескрајна благосостојба. На овој начин, ние се поврзуваме со Бога и тој ни ги слуша нашите молитви.




Истражувањето спроведено во лабораторијата за медицинско-биолошката технологија стана вистинска сензација. Научниците експериментално докажале дека знакот на крстот ги уни-штува микробите и ги менува оптичките својства на водата.




„Потврдивме дека древниот обичај за прекрстување на храната и пијалаците пред јадење има длабоко мистично значење“, вели физичарот Ангелина Махаловска.

“Зад тоа лежи практична придобивка: храната се чисти буквално во еден момент. Тоа е големо чу-до што се случува буквално секој ден”. Ангелина Малаховска своето истражување за моќта на знакот на крстот го спроведувала речиси 10 години.




Биле спроведени голема серија експерименти, кои биле тестирани неколку пати, пред да бидат објавени нивните резултати. Резултатите се феноменални: откриени се уникатни бактериолошки својства, кои ги поседува водата по осветувањето со молитва и знакот на крстот.




Откриено е ново, претходно непознато својство на Божјиот збор да ја трансформира структурата на водата, што значително ја зголемува неговата оптичка густина во краткиот или ултравиолетовиот спектрален опсег.

Самата можност за овие истражувања станало чудо за Ангелина Малаховска и нејзините колеги од Санкт Петербург – тие не биле финансирани, ниту биле предмет на истражувањето „NII“.

Научниците го извршиле поголемиот дел од работата бесплатно – само за да им дадат на луѓето можност да ја почувствуваат и видат Божјата исцелителна моќ. Никогаш не треба да се потценува Божјата моќ, секогаш бидете благодарни и кажувајте му го тоа на Бога..