Салата од зелени домати
Оваа салата од зелени домати е вистинско гастрономско уживање, совршена за сите љубители на уникатни вкусови. Едноставна за подготовка, а богата со ароми, таа е идеален додаток на зимската трпеза.
Со комбинација од свежи зачини и внимателно одбрани состојки, оваа салата ќе ги освои вашите сетила и ќе стане дел од вашата кулинарска традиција, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 1 кг зелени домати
– 1 морков
– 1 мала лута пиперка (или слатка пиперка, по желба)
– 1 чешне лук
– Неколку свежи листови магдонос
– Неколку свежи листови копар
– Неколку зрна црн пипер
– 50 мл оцет
– 1 рамна лажица сол
– 2 лажици шеќер
– НМД
Постапка
1. Зелените домати измијте ги и исечкајте ги на парчиња, отстранувајќи ги оштетените делови доколку ги има.
2. Лукот излупете го и ситно исечкајте го.
3. Морковот изрендајте го на ситно ренде.
4. Лутата пиперка (или слатката, по избор) измијте ја, отстранете ги семките и исечкајте ја на ситни парчиња.
5. Магдоносот и копарот ситно исечкајте ги.
6. Во голем сад ставете ги исечканите домати, лукот, морковот и пиперката. Додајте ги магдоносот, копарот, зрната црн пипер, оцетот, солта и шеќерот.
7. Состојките добро измешајте ги и оставете ја смесата да отстои 10 минути за да се соединат вкусовите.
8. Во меѓувреме, подгответе чисти стаклени тегли и зовријте вода.
9. По 10 минути, салатата распоредете ја во подготвените тегли.
10. Во секоја тегла прелијте топла вода до врв, оставајќи мал простор од околу 1 см. Водата сипувајте ја постепено, а теглите поставете ги врз крпа, за да спречите пукање.
11. Теглите затворете ги со чисти капаци.
12. На дното од големо тенџере ставете памучна крпа, а потоа наредете ги теглите така што да не се допираат.
13. Наполнете го тенџерето со млака вода до ниво каде што теглите малку ѕиркаат над површината.
14. Загрејте го тенџерето на рингла. Кога водата ќе почне лесно да струи (да не врие силно), намалете ја температурата и оставете ја да струи 20 минути.
15. По 20 минути, исклучете ја ринглата и оставете ги теглите во водата додека целосно да се изладат.
16. Чувајте ги теглите на ладно и темно место.
Оваа салата е одличен избор за зимските месеци, а нејзиниот свеж и богат вкус сигурно ќе ги воодушеви сите околу вашата трпеза. Уживајте! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












