Ако го сакате вкуснот на старинските колачи, а особено комбинацијата од ванила и вишни, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Се приготвува едноставно, а мана што му е што треба да отстои во фрижидер и што веднаш се изедува.
Ролатот е декоративен, во три бои, но толку многу е вкусен што секој бара најмалку уште поедно парче. Убаво се сече, па освен за секојдневно засладување можете да го приготвувате и за разни свечени пригоди. Еве што ви е потребно според рецептот на Јелена:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 100 г шеќер, 100 мл јогурт, 50 мл масло, 150 г брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, малку сол, 600 г вишни. За крем: 1 кесичка пудинг од ванила (40 г), 300 мл млеко, 50-60 г путер, шеќер по желба, ванилин шеќер
ПОСТАПКА: Најпрво сварете го кремот. Изматете го пудингот во 300 мл млеко и шеќер по желба, па ставете го на оган и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Потоа тргнете го настрана покриено со стреч фолија и оставете да се олади.
Кога пудингот убаво ќе олади на собна температура, пенасто изматете го заедно со малку путер (50-60 г) омекнат на собна температура и кога ќе добие кремаста структура, вашиот фил е спремен.
ЗА КОРА: Одвојте ги белките и жолчките во различни садови. Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да згусне и побели. Посебно изматете ги белките со прстофат шеќер во цврст снег кој непаѓа од садот кога ќе го превртите.
Во изматените жолчки додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво, млак јогурт и масло, па кога сето ќе се соедини додајте го снегот од белки и мешајте бавно додека смесата да се изедначи.
Плех со димензии 40х30 см обложете го со хатија за печење, па со лажица развлечете го рамномерно тестото преку цела површина, а одозгора распоредете ги процедените вишни.
Ставете да се пече 15 минути во претходно загреана рерна на 150 степени, па зголемете на 180 степени и печете уште 7 минути (прилагодете според вашата рерна). Врелиот бисквит свиткајте го во ролат така што горната страна на ролатот да биде однадвор.
Оставете да се олади, па премачкјате го со оладениот крем и повторно свиткајте во ролат. Оставете во фрижидер 2-3 часа во фрижидер или најдобро преку цела ноќ. Потоа сечете и сладете се.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Сочен ролат со вишни и пудинг од ванила и готови кори, виткате, филувате и готово е“ – ОВДЕ.
Сочен ролат со вишни и пудинг од ванила и готови кори, виткате, филувате и готово е