Познато е дека зелениот зеленчук е вистински благодет за нашиот организам, а спанаќот е ултимативен крал на тој зеленчук!
Водата е главната состојка на спанаќот. Количината на липиди и јаглени хидрати во спанаќот е мала, но затоа пак содржи многу протеини. Богат е со минералите: калциум, железо, калиум, магнезиум, манган и фосфор. Од витамините содржи: А, Ц, Е, К, витамин Б комплекс (Б6, Б2, Б1) и фолна киселина (витамин Б9). Исто така, содржи и Омега 3 масни киселини.
Спанаќот како лек може да се користи за следниве состојби:
-Обезбедува доток на кислород до сите клетки и ткива: спанаќот содржи железо кое влијае врз количината на хемоглобин во крвта. Хемоглобинот е задолжен за транспорт и складиштење на кислородот во нашиот организам. Спроведува кислород од белите дробови до сите клетки во човековото тело.
-Го јакне тонусот на мускулите: Нитратите кои се присутни во спанаќот одговорни се за јакнење на мускулите. Веројатно се сеќавате на цртанот Попај морнарот кој многу го сакаше спанаќот, од истиве причини.
-Помага кај слабеењето: Често се вклучува во исхраната во многу диетални режими, токму поради неговата ниска калорична вредност.
-Ја подобрува работата на цревата: Влакната од спанаќот поттикнуваат варење и ја подобруваат работата на цревата.
-Дава енергија и виталност: Сапанаќот учествува во транспортот на енергија со сите клетки во организмот преку ензимите кои ги содржи.
-Штити од болести: Благодарение на антиоксидантите, а особено на витамините А и Ц, спанаќот придонесува за заштита на клетките од слободните радикали кои му штетат на организмот.
Спанаќот го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, од проблеми со варењето и од канцер. Спречува појава на артеросклероза, го намалува нивото на лошиот холестерол.
-Корисен е за бремените жени и децата: Бидејќи содржи фолна киселина (витамин Б9), спанаќот е благопријатен за здравјето на трудниците и децата.
-Го подобрува видот: Витаминот А во комбинација со опсин, создава пигмент родопсин кој се наоѓа во мрежницата. Фоторецептивните клетки на мрежницата се одговорни за видот при слаба светлина. Ниското ниво на витамин А и родопсин предизвикува ноќно слепило.
Со оглед на тоа дека спанаќот содржи витамин А, идеален е за подобрување на видот и спречување на појава на катаракта.
-Го балансира крвниот притисок: минералите кои ги содржи спанаќот, посебно магнезиум и калај, ги стопираат ензимите кои го зголемуваат крвниот притисок, така што спаначот е идеален за лицата кои патат од хипертензија.
Напомена: Треба да се знае дека спанаќот, исто така содржи и оксална киселина, која во комбинација со минералите, железото, магнезиумот и калиумот, формира оксалати. Оксалатите придонесуваат кон создавање на камења во бубрези, па така, спанаќот не им се препорачува на лица кои патат од оваа болест.
Исто така, спанаќот содржи и доста калциум. Меѓутоа оксалатите ја намалуваат апсорпцијата на калциумот во нашиот организам. Поради тоа, за да ја зголемиме апсорпцијата на калциумот, се препорачува спанаќот претходно малку да се обари или пропржи и да се комбинира со кисело млеко. Исто така, консумирањето на намирници кои се богати со витамин Ц како што се доматите и цитрусите, ја зголемуваат способноста на нашиот организам да се апсорбира калциумот и железото.
СОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ: 300 г свежи листови спанаќ, 2 главици кромид, 1 црвена пиперка, малку мускатно оревче. На пареа малку обарете ги, а потоа изблендирајте ги, додадете мускатно оревче и испијте го веднаш.
СОК ЗА ЕНЕРГИЈА: 300 г свежи листови спанаќ, 2 портокали, 3 киви. Исчистете и избелндирајте. Овој сок го снабдува организмот со неоходната дневна доза од витамин Ц.
СОК ЗА ПОДОБРА ФУНКЦИЈА НА МОЗОКОТ: 300 г спанаќ, 10 стапчиња аспарагус, 2 помали главици цвекло. Исцедете ги сите состојки во соковник или изматете во блендер и испијте. Овој сок ги јакне крвните садови и го поттикнува протокот на нервните импулси низ мозокот.
ВИТАМИНСКИ СОК: 1 јаболко, 200 г спанаќ, 200 г брокула, 1 цеден лимон. Сите состојки изматете ги во блендер, засладете по желба со мед и појте еднаш дневно.
СОК ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ: 200 г спанаќ, 1 лажица лимонов сок, 1 лажица сок од лимета, 300 мл вода. Сите состојки ставете ги во тенџере на тивок оган, под капак, еден час. Потоа процедете и пијте ½ шолја двапати дневно пред јадење.
Препорака: Кога купувате спанаќ внимавајте тој да има силна зелена боја, на кои нема траги од сушење. Пред употреба мора добро да се испере спанаќот, лист по лист, под млаз ладна вода. Немојте да го чувате спанаќот подолго од 4 дена во фрижидер, бидејќи ќе го изгуби вкусот и ќе се расипе.