ЖЕНИТЕ 40+ ТРЕБА ДА ГО ПРИМЕНАТ ОВОЈ РЕЖИМ: Намирници кои ги бришат брчките, го забрзуваат метаболизмот и нè прават МЛАДОЛИКИ….Диетата за подмладување стана апсолутен хит во светот, а сè што треба да направите е да го јадете овој тип на намирници…
Штом се спомне диета, првата асоцијација е гладување, слабеење и слично. Меѓутоа, кога станува збор за диетата против стареење, повеќе се работи за промена на самиот начин на исхрана.
Солената храна, слатките, газираните пијалаци… сето тоа и тоа како влијае на кожата на лицето, правејќи ја подуена, неприродно обоена и предизвикувајќи мозолчиња.
Шеќерот и солта се главни непријатели доколку се консумираат во големи количини, па затоа е многу важно да се спротивставите на нагоните и да го намалите внесот на одредени намирници доколку сакате да го задржите младоликиот изглед што подолго.
Затоа, диетата против стареење е збир на намирници, минерали и витамини кои треба да се земаат за да се избегне појава на старечки дамки, длабоки брчки и да се затегне кожата на природен начин. Но, истовремено да одржите здрава и витка линија.
„Анти ејџ“ диета – правила
Диетата против стареење е дизајнирана да ни помогне да ги вратиме годините наназад на нашето лице, исто како што тоа ќе го направат биолошките третмани.
Целиот концепт го смислил Николас Периконе, нутриционист и дерматолог, а неговите совети ги следи и познатата актерка Ева Мендес. Во својата книга „The Wrinkle Cure“ („Лек за брчки“) тој тврди дека тајната за спречување и елиминирање на брчките лежи токму во начинот на исхрана.
На прво место, овој тип на исхрана треба да го ослободи нашето тело од негативното влијание на слободните радикали кои ги напаѓаат и уништуваат здравите клетки на кожата.
Нивното дејство го намалува имунитетот на организмот, телото и кожата се повеќе склони кон воспаленија и инфекции, се намалува отпорноста на надворешни влијанија, УВ зрачење, токсини…
Неутрализацијата на слободните радикали се врши со помош на антиоксиданси и затоа нивната улога за здравјето и убавината е толку важна. Тоа се различни витамини, минерали, ензими, олигоелементи, па затоа, сè што и е потребно на кожата за да остане убава и здрава.
Според тоа, Периконе објасни дека диетата против стареење не е ништо комплицирано и дека се заснова на 3 основни чекори:
-Диета – избирање на храна која е богата со антиоксиданси, витамини и минерали, како и омега масни киселини
-Додатоци во исхраната – земање одредени суплементи кои тешко се компензираат со храна, а кои би требало да помогнат во ревитализација на кожата и зајакнување на имунитетот
-Апликација на намирници на кожа – првенствено се однесува на подготовка на разни домашни маски против брчки (природна, домашна козметика)
Диетата против стареење е фокусирана на адаптирана исхрана и промена на некои навики, зајакнување на имунитетот на лицето, чие опаѓање доведува до црвенило, мозолчиња и прекумерна појава на брчки, како и зајакнување на заштитната бариера на кожата. Исто така, го зголемува нивото на колаген и еластин во кожата.
Најдобрата храна против брчки
На прво место – вода. За да зачуваме доволно количество колаген потребна ни е вода, а сето тоа за лицето да биде помазно, пополно и поотпорно на иритација. Затоа се препорачува пиење од 8 до 10 чаши вода дневно. Организмот ќе го исфрли вишокот, и ќе го зачува тоа што му треба.
Риба
Протеините и омега-3 масните киселини имаат изразени антиинфламаторни својства, ја подобруваат еластичноста и се борат против сите знаци на стареење на кожата.
Два типа на омега-3 масни киселини кои се наоѓаат во рибиното масло, еикозапентаеновата киселина (EPA) и докосахексаенонската масна киселина (DHA), го намалуваат производството на себум и се важни за нега на мрсна кожа.
Се препорачува рибата да биде на менито дури пет пати неделно, особено лососот, пастрмката, сабјарката, бакаларот, па дури и туната.
Јаткасти плодови
Акцентот е ставен на оревите и бадемите кои исто така се богати со аминокиселини, а дневната препорака е со големина на дланката.
Зелен (темнозелен, листест) зеленчук
Спанаќ, кељ, блитва, брокула… ова се само дел од она што треба да се најде на вашето мени. Тие се моќен извор на антиоксиданси и многу ефикасно ги уништуваат слободните радикали.
Маслиново масло
Добро би било намирниците да ги приготвувате со маслиново масло, главно затоа што е богато со незаситени масни киселини кои се одлични за кожата, како и со витамини А, Е, Д и К.
Бобинки
Ова овошје содржи голем број на антиоксиданси и има поволен гликемиски индекс, односно не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Најмалку два пати неделно треба да консумираме јагоди, капини, малини, брусница, боровинки.
Агруми
Богати се со витамин Ц, А, Б1, Б6, калциум, магнезиум, фосфор и железо, а особено се препорачуваат: лимон, портокал, грејпфрут, мандарина и лимета.
Грав
Ова растение ги содржи речиси сите есенцијални амино киселини, како и лецитин, како и калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум.
Тој е одличен извор на протеини, фолна киселина, витамини Б6, Б2 и Б3, како и витамин К. Една порција грав обезбедува 20 проценти од дневните потреби за влакна. Препорачаната количина е околу три чаши варен грав неделно.
Јогурт, младо сирење
Пробиотиците се многу важни во диетата против стареење бидејќи добрите бактерии и помагаат на кожата да се бори против воспалението, а исто така ќе ја надополнат и влажноста на кожата.
Јајца
Посебна препорака е консумацијата на белки бидејќи тие имаат способност да ја регенерираат кожата.
Зелен чај
Многу силен антиоксиданс и се препорачува да го започнете денот со шолја од овој чај.
Менито треба да биде дополнето со пилешко и мисиркино месо, јаболка, дињи, праски, круши, домати, пченични никулци, асаи бобинки, тофу сирење, како и кромид, целер, пиперки и житарки од цело зрно.
Анти ејџ диета – мени
Анти-ејџ диетата вклучува пет оброци во текот на денот, но паметно комбинирани и планирани.
Еве пример за мени што може да биде корисно.
Појадок: грст јаткасти плодови, грст бобинки, шолја овесни снегулки, сето тоа измешано со 200 мл јогурт;
Ужина: јаболко, портокал или овошје по ваш избор;
Ручек: порција пилешко месо, зелена салата со маслиново масло и лимон; Ужина: порција зеленчук, комбинација од пиперки, кромид…
Вечера: две варени јајца, 100 гр туна, со спанаќ како прилог.
Храна што треба да се избегнува во диета против стареење
Сите оние намирници кои имаат гликемиски индекс повисок од 50 не се прифатливи во оваа диета. На листата на намирници кои треба да ги избегнуваме се пред сè сложените шеќери, лебот, тестенините, оризот, црвеното месо, маргаринот, путерот, пченката, компирот.
Има и намирници кои се здрави, но чиј гликемиски индекс е многу висок. На пример, лубеницата има ГИ 72, а морковот 73.
Секако, треба да избегнувате и многу солена храна, како и алкохол и премногу кафе.