На барање на читателите на НМД, ви откриваме брз и лесен метод за враќање на желудникот во својата нормална положба.

Слабиот желудник, ждригавица, киселини…се зборови кои објаснуваат одредени неугодности кои, кај некои луѓе создаваат проблеми. Повеќето болести на кои се однесува, се проблеми со нервозен желудник и желудечна кила (хијатус хернија).

Нервозен желудник се добива поради стрес, недоволен сон, од грижи, страв, нервози и придонесува за добивање на цревни заболувања.

Кај нервозен желудник, мускулите на желудникот ослабуваат и може да дојде до негово истегнување.

Поради зголемување на киселината и неправилната положба на желудникот, доаѓа до воспаление на слузокожата и до појава на гастритис.

Лошата и неадекватна исхрана, кафето, алкохолот, пушењето…можат да ја влошат состојбата.

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ПОМЕСТУВАЊЕТО НА ЖЕЛУДНИКОТ:

-подигнување на тежок терет (теретана, тешка физичка работа)

-често и силно кашлање

-силно кивање

-бременост и пораѓање

-повраќање

-напнување при опстипација

-дебелина (дополнителна тежина го притиска желудникот)

-удар во стомак

-јадење во легната или полулегната положба

-внес на голема количина храна одеднаш (прејадување)

-премногу цигари и кафе на празен стомак

-стрес

-слабо сврзно ткиво и мускули на дијафрагма

-неправилно држење на телото

НАЈЧЕСТИ ТЕГОБИ ОД ОВАА СОСТОЈБА:

-Болка во градите во пределот на срцето, слична на болка како кај инфаркт

-болка во левата рака, рамењата и вратот која се лоцира некаде помеѓу лопатката и ‘рбетот. Тоа главно е левата лопатка и се јавува малку пониско

-брзо заморување, со неможност за земање здив со полни бели дробови

-забрзано чукање на срцето при свиткување на торзото или при лежење

-лошо варење на храната, подување и гасови

-прерана ситост и чувство на “камен” во стомакот после јадење

-нервоза во желудникот (чувство на трема, пеперутки)

-чувство на пецкање и жарење во желудникот и по стомакот

-подригнување

-икање

-киселини

-на допир чувство на стврднатост во пределот на желудникот

Подолу можете да изгледате едно видео, како на лесен и едноставен начин да го вратите желудникот во неговата правилна положба. Но, напоменуваме, оваа постапка и движење кои ќе ги видите е самопомош кај полесните случаи.

За потешки случаи најдобро е да се јавите кај специјалист.

Во видеото можете да видите како брзо и лесно да се утврди дали желудникот ви е поместен и само во неколку потези да го вратите. Понекогаш е потребно неколку пати да се повтори оваа постапка:

Видео: