Овој зачин мора секој да го има во својот дом. Жалфијата е едно од најпознатите обележја на Медитеранот, билка со многу лековити својства, која одамна ја има на овие простори.

Таа е еден од сестраните зачини во медитеранската исхрана. Одлично се комбинира со различни видови месо и риба, може да се пржи, похува, да се користи во чаеви. Кога печете пиле, ставете ја под кожата пред печење или додајте ја кога готвите телешко. Задолжително додајте ја во супа и бујон или за да ароматизирате печени филети од риба.

Можете да ја додавате во салати, а поради јачината на нејзините етерични масла одлична е за маринади. Со нејзе можете да ароматизирате разни масла, сирење и путер кој ќе го користите при термичка обработка, но и во финиширање на готови јадења. Добро се комбинира со зеленчук, а најдобра е со тиква во разни комбинации.

Иако жалфијата е самонико растение, денес сè почесто се одгледува во домашни услови, што ја прави достапна во текот на целата година. Жалфијата нема само гастрономска употреба, многу е здрава и се користи во фармацијата заради лековитите и козметичките својства.

Добра е за ублажување на кашлица или болки во грлото, извонредна е за болести и испирање на усната шуплина. Исто така, помага во топење на масното ткиво, односно при топење на целулитот. Има силно антисептичко дејство и го зајакнува имунитетот на организмот.

Во минатото жалфијата не ја користеле само како лек и зачин, туку и во љубовни магии: „Направи три дупчиња во лист од жалфија, а потоа протни твое и влакно од коса на саканиот“ или „Закопај лист од жалфија под прагот на саканиот, а тој ќе те награди со вечна наклонетост“ и сл.

Нашите предци ја користеле за истерување на зли духови, но и за лекување на бројни болести. Во разни краишта се нарекува со разни имиња – кадуља, калопер, бел џигер, славуља, па дури и бел пелин… дополнете и вие.

Оваа лековита билка има широк медицинска примена и влегува во составот на бројни лекови. Нејзината лековитост потекнува од испарливите етерични масла и затоа се смета дека е лековито доколку се вдишуваат нејзините испарувања. Ако сакате да го прочистите воздухот во својот дом, послужете се со жалфијата.

Истражувањата покажале дека кога ќе ја окадите просторијата со жалфија, се уништуваат дури 94% од бактериите во воздухот. А кога истражувачите го испитале воздухот следниот ден, тој и натаму бил чист.

КАКО ДА ГО ОКАДИТЕ ДОМОТ СО ЖАЛФИЈА

Земете суви листови жалфија, свиткајте ги во „стапче”, запалете го едниот крај и веднаш изгасете го. Потоа ќе продолжи да жари и да чади. Се смета дека доколку вака постапите неколку денови по ред, ќе спречите главоболки, кашлица и респираторни инфекции, намалување на ризик од болести, хроничен умор и астма.

Болно грло, афти и воспалено непце – ќе ги смири жалфијата – Еве како се приготвува растворот

Од многу одамна жалфијата е многу ценета и омилена лековита билка. Римјаните и дале име Salvia officinalis и тоа веднаш говори за тоа дека уште пред 2000 години ја ценеле и употребувале.

Бидејќи, Salvia потекнува од зборот салваре што значи “да спасува”, “да лекува”. Има уште една интересна информација која говори за тоа колку е лековита оваа билка. Имено, во скриптите на познатата медицинска школа во Салерм буквално е запишано “Зошто да ум-ре човек кому во градината му расте жалфија!”

Најдобра е за лекување на болести на устата и грлото – Прочуениот познавач на лековити билки Хиеронимус Бок на жалфијата не можел да и најде мана, па за неа вака запишал: “Од сите грмушки, едвај да постои некоја над жалфијата, бидејќи таа им служи како лек и на сиромашните и на богатите”.

Британците ја сметале за “спасителка од рана смрт”, па често можело да се слушне дека “кој сака долго да живее, мора во мај да јаде жалфија”. Во природната медицина жалфијата се употребува во облик на чај или тинктура.

Листот од жалфија содржи етерични масла чии главни состојки се тујон, цинеол и камфор, танини, соли на фосфорна киселина и калиумова и калциумова сол. Најмногу е позната како лековита билка за лекување на болести на уста и грло.

Тие својства се засноваат на антисептичното дејство на етеричното масло на жалфијата и адстригентното (антивоспалителното) дејство на танините од оваа билка. Поради ваквото нејзино дејство влегува во состав на многу лековити препарати за испирање на уста и грло, бидејќи е одлично средство кое ја јакне слузокожата и ја намалува инфекцијата.

ЧАЈ ОД ЖАЛФИЈА ЗА ИСПИРАЊЕ НА УСТАТА

За испирање на усната шуплина поради било какви воспалителни реакции како што се афти, воспалено грло, воспалени непца, најдобро е да користите чај од жалфија.

Се приготвува многу лесно: Потребни се три лажици сув лист од жалфија и половина литар вода. Жалфииниот лист попарете го со врела вода, поклопете го и оставете го да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете ја течноста и со не испирајте ја устата и непцата.

СВЕЖИ ЛИСТОВИ ЗА ЗДРАВЈЕ НА ЗАБИТЕ И НЕПЦАТА

Доколку имате проблем со воспаление на забно место и воспалени непца, се препорачува да џвакате свежи листови од жалфија, 4 до 5 пати дневно. А здравите непца ќе бидат уште поздрави ако и нив и забите двапати дневно ги триете со свежи листови од жалфија.

ТИНКТУРА ОД ЖАЛФИЈА

Со оглед на тоа дека активните состојки на жалфијата делуваат антибактериски и противоспалително и дека површински го стегаат ткивото, тинктурата од жалфија се препорачува за испирање кај воспаление на слузокожата на устата и грлото.

Исто така, состојките на оваа лековита билка добро делуваат во случај на претерано потење, па тинктурата од жалфија може да ја користат и жени во ПМС состојба и во период кога влегуваат во менопауза.

Во зависност од проблемите поради кои се користи, тинктурата може да се користи орално, но и како средство за надворешна употреба, па со памучен тупфер да се нанесува на кожата, на пример под пазувите.