Земете обична кока-кола, изрендајте сапун и имајте си го овој генијален трик при рака: им го препорачувам на сите! Тенџерињата ги светнува како нови!
Можеби ви изгледа чудно, но оваа комбинација е навистина одличен помошник при чистење на тенџериња.
Нема повеќе изгорена маст, црни и кафеави дамки кои не излегуваат ниту кога ги рибате со жица. Пробајте го овој трик и нема да зажалите. Следете го ова упатство чекор по чекор:
Домашно средство за чистење тенџериња
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 мл кока-кола
1 парче тврд сапун
1 лажица сода бикарбона
1 лажица сол
2 чаши вода вода
ПОСТАПКА:
Измешајте една чаша вода, сода бикарбона и сол. Тргнете го настрана овој раствор до употреба.
Потоа земете еден тврд сапун и изрендајте го на крупно ренде.
Сипете го во тенџере и прелијте го со кока-кола и додајте една чаша вода.
Загревајте на умерено-средна температура и мешајте непрекинато додека сето да се растопи и соедини. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додајте го растворот од сол и сода бикарбона.
Добро промешајте за да се изедначи.
Сипете ја во соодветен сад и оставете да се олади 1 час.
Ќе забележите дека целата содржина ќе биде стврдната.
УПОТРЕБА: Нанесете малку од смесата на влажен сунѓер и искористете ги за чистење на тенџерињата.
Доволно е само малку да протриете, а кога ќе ги исплакнете тие ќе блескаат од сјај и чистота. Деталите погледнете ги ОВДЕ.
@rosettamegan Part 1 You Will Mix Coca Cola With Soap And You Will Thank Me All Your Life #DIY #idea #animals #fyp