Земам кефир, 1 јајце и за 10 минути ги правам најубавите мекици…Маж ми јаде по 10 одеднаш и не се поправа, бара уште…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г кефир/јогурт
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
20 мл масло
600 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
За фил:
600 г варени компири
30 г путер
сол, црн пипер по вкус
И уште:
300 г мелено месо
1 главица кромид (мелен и исцеден од сокот)
сол, црн пипер и зачини по вкус
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад сипете го јогуртот на собна температура, додајте јајце, сол, шеќер, масло и сето соединете го. Потоа додајте го брашното помешано со прашок за печиво. Замесете меко тесто. оставете го покриено да одмори 20 минути.
2.Компирите сварете ги и испасирајте ги во пире со путер и зачини. Обликувајте 17 топчиња.
3.Во меленото месо додајте мелен и исцеден кромид, па зачинете го по вкус и добро измесете го. Обликувајте 17 топчиња. Пропжете ги на малку масло додека да заруменат.
4.Во секое топче од компир пире ставете по едно ќофте и повторно обликувајте го во топче, да се обложи од сите страни.
5.Одмореното тесто истресете го на работна површина и поделете го на 17 делови. Обликувајте топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути.
6.Потоа земајте едно по едно од топчињата и сплескувајте ги со врвовите од прстите. на средината од секоја коричка ставете по едно топче, па спакувајте го со тестото.
7.Малку сплескувајте ги одозгора со дланката и повторете ја постапката со сите преостанати топчиња.
8.Спуштајте го во мало со длабочина од 1 см загреано на умерена температура и пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат.
Нека ви е на здравје на сите што ќе го испробате овој рецепт. Постапката погледнете ја ОВДЕ.