Зелените оревчиња и медот се доволни за да се направи овој моќен сируп. Само со две состојки е можно да се направи сируп кој има цела низа здравствени придобивки. Овие две состојки се: млади зелени ореви и домашен, квалитетен мед, кои заедно создаваат моќен сируп за кој вашето тело ќе биде благодарно.
Имено, младите зелени ореви, кои меѓу другото се богати со витамин Ц, во комбинација со медот стануваат дел од моќната мешавина која помага во подобрување на функцијата на тироидната жлезда при нејзино бавно функционирање, прочистување на црниот дроб, желудникот и кр-вта, но и кај болести на грлото и респираторниот тракт.
Покрај тоа, редовното користење на сирупот ќе помогне во зајакнување на имунолошкиот систем, ублажување на симптомите предизвикани од менопауза, исто така, помага и при сла-беење. Помош при намалено железо, односно при анемија, е уште една од целата низа придобивки на ова соединение.
Потребни состојки: 40 млади зелени ореви и еден килограм мед
Постапка: измијте ги и исушете ги младите зелени ореви, а потоа исечете ги на половини или четвртини. Ставете ги исечените ореви во тегла и прелијте ги со мед. Треба да бидат целосно прелиени со медот.
Почекајте малку да излезат евентуалните меурчиња воздух, протресете ја теглата малку, па затворете ја со капакот. Потоа оставете ја на сигурно место да отстои 40 дена на светло место, но да не биде изложена на директно сонце подолго време.
Повремено протресувајте ја теглата, но не ја отворајте. После 40 дена медот ќе добие темна боја благодарение на лековитиот сок кој ќе го испуштат оревите. Потоа можете да ги извадите оревчињата или да го процедите сирупот и да го складирате во темна стаклена тегла.
Доколку немате тегла од нетранспарентно стакло, доволно е да ја обвиткате со алуминиумска фолија или пак, да ја чувате на темно и ладно место, и да не се изложува на светлина. УПОТРЕБА: доволно е да консумирате по една лажичка од препаратот секое утро на гладно, растворено со половина чаша вода.
ЛИКЕР ОД ОРЕВИ – мевлем за желудникот и штитната жлезда
Ликерот од ореви, уште познат и како оревовка, во народната медицина веќе со години се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми.
Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.
И денес за многумина претставува „прва помош” за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на кр-вта. Се приготвува овој период од млади, сè уште зелени оревчиња. Недозреаните плодови од орев со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод.
Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6.
Оревовката е само еден од напитоците кои можат да се направат од оваа лековита билка. Освен плодовите, за приготвување на разни чаеви и сирупи, се користат и листовите, а доколку сакате да го приготвите највкусниот колач, пригответе го токму од мелени ореви.
Ликерот е најдобро да се пие кога е разладен на температура од 0 до 5 степени. Може да се консумира пред и после оброк, а одличен вкус дава и кога се меша со безалкохолни напитоци.
Оревовката (кај народот често се користи и називот „Оревовача”) е подеднакво делотворна и за ублажување на дигестивни тегоби како дијареа, опстипација, ждригавица, подуен стомак, па се до гр-чеви и желудочни инфекции.
Ова е најпознатиот, изворен народен рецепт кој можете да го надополните со состојки по ваша желба (ванила, портокал…).
Потребни состојки: 40 млади зелени оревчиња, 800 г интегрален шеќер, 4 каранфилчиња, 1 лимон исечкан на тркалца, 1 литар домашна ракија
Постапка: оревчињата измијте ги, засечете ги (носете ракавици), а ако се поголемки, пресечете ги на половина. Лимонот измијте го, па и него исечете го на парчиња. Додајте шеќер (или мед), каранфилчињата и домашната ракија.
Добро промешајте за да се раствори шеќерот и затворете ја стаклената тегла. Оставете ја 40 дена на сонце со секојдневно протресување. Не треба да ја отворате. После 40 дена ликерот процедете го низ газа и прелијте го во шише. Се чува на темно и ладно место.
Се пие по една ракиена чашка на ден, најдобро наутро, на гладно (да ја одбегнуваат само луѓе со претерана работа на штитната жлезда – хипертироидеа). За проблеми со желудникот може да се пие по една ракиена чашка наутро и една навечер.