Зеленчук кој прави чуда за вашата рерна: Ослободете се од тврдоглавата нечистотија со само една намирница…Зеленчук кој прави чуда за вашата рерна: Ослободете се од тврдоглавата нечистотија со само една намирница…

Верувале или не, всушност постојат голем број на намирници кои можете да ги користите за да ја исчистите вашата куќа.

Многу зеленчуци можат да послуѓат како природни средства за дезинфекција, чии својства можат да исчистат, полираат и поправаат бројни предмети за домаќинството.

Кога станува збор за рерната, тајниот зеленчук кој ќе ви помогне да ја исчистите е кромидот.

Во текот на изминатите неколку години, видовме бројни трендови базирани на растително потекло кои ја докажаа моќта на природните состојки.

Слично како кога користите краставица за да ги отстраните гребаниците од ѕидот, кромидот е изненадувачки ефикасен начин да ја ослободите вашата рерна од тврдоглавата нечистотија.

Со приближно три милиони тони кромид произведени секоја година, секако нема недостиг од овој природен чистач.

Не само што кромидот може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта, да го подобри здравјето на срцето и да го зајакне дигестивниот систем, туку може и да ја претвори валканата печка во целосно беспрекорна, пишува House Digest.

Како кромидот може да помогне во чистењето?

Кромидот е богат со антиоксиданси, киселост и антибактериски својства кои делуваат како природни средства за дезинфекција против тврдоглави дамки.

Кромидот е исто така многу помалку штетен од хемиските средства за чистење што веројатно би ги користиле за отстранувањето на оние тврдокорни дамки.

Треба да бидеме особено внимателни со користење на хемиски средства за чистење околу уредите што предизвикуваат топлина, бидејќи повеќето хемиски соединенија не треба да се изложуваат со екстремно високи температури.

Наместо тоа, кромидот ја презема улогата на природно средство за чистење без да ги оштети површините, а сето тоа спречува секакви лоши мириси и помага во отстранување на ‘рѓата.

Како се користи? Можете да го користите кромидот како сунѓер.

За да започнете, исечете голем кромид на половина. Иако не е важна големината или бојата, поголем кромид може да покрие повеќе површина, што го прави процесот на чистење поефикасен.

Користејќи ја едната половина, започнете со чистењето, истиснувајќи го вишокот сок додека поминувате преку валканата површина.

Ако рерната е сè уште топла (подобро се чисти кога е загреана), користете виљушка за печење за да го поместувате кромидот наоколу додека додавате притисок за да се осигурате дека сета нечистотија е отстранета.

На крај само ќе ви преостане да ја избришете внатрешноста на вашата рерна со чиста, влажна крпа штом ќе завршите. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Чистење на рерна со лимон и сода бикарбона:

Исечете неколку лимони и ставете ги во огноотпорен сад, залијте ги со вода колку да се прекриени и ставете ги во загреана рерна на 200-250 степени 20 минути. Потоа извадете ги, оставете малку да подизладат, но сепак да бидат топли.

Врз парче лимон посипете сода бикарбона, почекајте да се создаде реакција и да запени, а употребете го како сунѓер за чистење. На крај само пребришете со чиста, влажна крпа. Видеото од постапката погледнете го ОВДЕ.

Други придобивки и митови за кромидот

Освен користењето кромид за чистење на нашите валкани рерни или скари, има повеќе лични и домашни придобивки од кромидот.

На пример, нивните антибактериски својства се докажани ефикасни против бактериски инфекции, како што се E. coli, стафилокок инфекции и псеудомонас.

Според Би-Би-Си, стариот кромид содржи состојка наречена кверцетин, која инхибира одредени бактериски инфекции дури и да влезат во телото.

Иако јадењето кромид може да помогне во подобрувањето на нашето целокупно здравје, сепак, нема докази дека ги апсорбира токсините од воздухот ако го оставате во просторот каде престојувате, како што понекогаш тврдат многу луѓе.

Друга придобивка од кромидот може да им се најде на оние кои се грижат за нивната градина.

Ако вашите растенија се преполни со инсекти, испуштете неколку парчиња кромид во вашата канта за наводнување, дозволувајќи му на кромидот да се раствори во водата под влијание на топлината од сонцето.

По неколку часа, наводнете ги овие растенија со кромидовата вода и гледајте како бубачките се распрснуваат.

Бидејќи инсектите (и луѓето) не се големи обожаватели на силната смрдеа на кромидот, тие ќе ја напуштат вашата градина. Очигледно, придобивките од кромидот се премногу за да се избројат.