Потребни состојки(за 4 лица):

400 г спанаќ

400 г млада коприва (како замена може магднос или мента)

80 мл масло

1 литар бистра зеленчукова супа како основа

Сол, лук во прав

60 г кисела павлака

8 јајца од препелица

Постапка:

1.Варете ги јајцата не подолго од 4 минути па ставете ги во ладна вода. Оставете постепено да изладат па дури потоа излупете ги.

2.Спанаќот исчистете го и грубо исечете го.

3.Ливчињата од коприва одвојте ги од стебленцата и исечкајте.

4.Загрејте масло, додадете го спанаќот и копривата, кратко динстајте, залијте со супата, зачинете со сол и лук во прав, па гответе 5 минути.

5.Послужете во чинии, во секоја додадете две варени јајца а во средината ставете лажица кисела павлака.

6.Декорирајте со ливче коприва, послужете црн леб.

Совет: освен лукче во прав пред крај на готвењето може да додадете ловоров лист.