ЗДРАВА И ВКУСНА САЛАТА ОД СУВИ ДОМАТИ И ОРЕВИ: Еднаш само пробајте ја и готово…Ќе сакате секој ден да биде на вашата трпеза…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување суви домати
1 прстофат магдонос
1 мала чајна чаша маслиново масло (100 мл)
1 лажичка сол
1 лажичка мајчина душица
1 лажичка чили пиперка
1 чаша крупно сечкани ореви
сок од 1 лимон
2 лажици сируп од калинка
2 чешниња лук
ПОСТАПКА:
Ставете ги сувите домати во поголем сад, додајте врела вода колку да ги покрие и оставете ги да отстојат 15-20 минути за да се хидрираат. Потоа процедете ги.
Додајте ги маслиновото масло, сечканиот магдонос, крупно сечканите ореви…
Зачинете со сирупот од калинка, сокот од лимон и изрендан лук, па сето промешајте го.
Послужете веднаш или изладено. Постапката погледнете ја ОВДЕ.