Фото и рецепт: Љубица Кладар

Потребни состојки:

500 г печурки
1 кг ќебапи
2 поголеми главици кромид
1 лажица сув зачин (вегета)
магдонос
2-3 чешниња лук или по вкус, може повеќе
1 коцка за супа
масло, сол, црн пипер

Постапка:

Печурките исечете ги на листови. На загреано масло во грил тава испржете ги ќебапите.

Во 300 мл вода сварете ја коцката за супа. Во друга тава на загреано масло издинстајте го ситно сечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете ги печурките и ќебапите исечени на половина ако се големи.

Кога печурките ќе бидат пржени а течноста испарена, додадете го ситно сечканото лукче и ситно сечкан магдонос. Зачинете со вегета, сол и црн пипер. Од тавата истурете ја содржината во тавче за печење. Додадете ги ќебапите и прелијте со супата. Печете 20-30 минути на 200 степени.

Наместо ќебапи можете и ќофтиња да направите, но вака е побрзо со готови ќебапи.