Се препорачува внимателно да се избере саден материјал, така што лукот ќе биде голем и без оште-тување. Имајте на ум дека лукот без корени не е погоден за ‘ртење. Одгледувањето лук на лето, зима или други сорти се врши според слични правила, но секој вид има свои карактеристики, што треба да се земе во предвид.
Вегетациониот период на лукот е помал од оној на зимската сорта, па садењето треба да започне во рана пролет. Покрај потенцијалните мразови кои може да се појават во овој период од годината, лукот може добро да ги толерира ниските температури.
Лукот е зеленчук кој се користи во многу јадења кој дава посебна арома и уникатност на вкусот. Покрај тоа, тој е многу здрав и се користи во лекување на многу болести, пред се’ поради неговите антиинфламаторни својства.
За почеток, важно е да знаете дека не треба да имате голема бавча за да го садите лукот, тоа може да го правите и во стан, на добро осветлено место, и ќе ви биде потребна само една гајба или некој друг предмет со слична големина.
Подготовката на лукот за садење започнува со одвојување на главицата во одделни дентикули (чешниња). Изберете големи и здрави примероци. Некои лукот го подготвуваат така што чешнињата директно ги закопуваат во земја на пропишаната оддалеченост и со наводнување чекаат тој да из’рти. Важно е да знаете дека овој ефект без корени не е толку ефикасен како подолу напишаниот.
Со едно до две пластични шишиња можете да го ,,забрзате” процесот на пуштање корени по само неколку дена. Едноставно земете неколку пластични шишиња колку што планирате да одгледувате лук. Запомнете дека лукот потоа се дели на чешниња, па според тоа одредете колку ќе засадите.
Во едно пластично шише пресечете го горниот дел од капачето за да има голем отвор. Со преостанатиот дел пресечете како прстен со дебелина од 1 см кој ќе може да влезе на почетокот на шишето, да биде како двојна пластика. Одредувањето на големината и каде треба да го пресечете шишето зависи од главицата на лукот која треба да ја собере во делот на прстенестиот дел од двојната пластика.
Прво наполнете го шишето со вода и одозгора ставете ја главицата лук чиј горен дел кој е на површината од шишето треба малку да го пресечете за да се гледаат голите чешниња одозгора. Оставете го шишето со вода на топло место и по 2 дена ќе забележите како лукот започнал да ‘рти, а по неполна седмица ќе пушти големи корени.
Потоа секое чешне го одвојувате сосе коренот и го засадувате во земја (тоа може да го направите во гајба која сте ја наполниле со земја. Зелениот дел кој никнал не треба да се засадува. Лукот се наводенува по потреба, односно земјата треба да биде хидрирана. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.