Рецепт на Катица од каналот justkate.bake. KОЛАЧ ЛЕДЕНО НЕБО – познат старински колач кој се подготвува за кратко време. Доколку сте заборавиле на овој колач, ние ќе ве потсетиме на подготовката. Се подготвува многу лесно и едноставно и е одличен за летните топли денови бидејќи е лесен и многу освежува.




Потребни состојки за бисквит: 6 белки, прстофат сол, 3 лажици остро брашно, 3 лажици меко брашно, 6 лажици шеќер, 1 ќесичка прашок за печиво. За прелив: 200 мл млеко, 1 ќесичка ванилин шеќер, 3 лажици шеќер.




За крем: 6 жолчки, 6 лажици брашно, 3 лажици шеќер, 500 мл млеко, 150 г путер. Останати потребни состојки: 2 ќесички шлаг пена (готова или дома подгответе ја со шеќер и млеко, по упатството на ќесичката) и 200 мл ладно млеко, доколку ја подготвувате домашна.




Постапка: Белките пенасто се матат со кристал шеќерот кој постепено се додава, а на крајот додајте и прстофат сол (може, но не е неопходно). Откога ќе се добие пенаста структура додајте го острото и мекото брашно, заедно со 1 ќесичка прашок за печиво.




Кората се распоредува во малку намастена тава со димензии 20×30 цм и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 – 20 минути додека да фати коричка. Во меѓувреме се подготвува преливот кој треба да се прелие врз испечената кора.




Подготовка на преливот: Зовријте 200 мл млеко заедно со 3 лажици шеќер, па додајте 1 ќесичка ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила (што и да имате). Добро промешајте, па додека преливот е се уште врел, прелијте го врз испечаната кора.




Претходно малку избоцкајте ја со виљушка испечената кора, за слаткото млеко подобро да се апсорбира во неа. Подготовка на кремот: Најдобро е кремот да го подготвите најпрво бидејќи треба да стврдне некое време и да се излади пред да се премачка врз кората.




Во еден сад изматете 6 жолчки, па отпосле додајте ги 6 – те лажици брашно заедно со 3 лажици шеќер. Во меѓувреме зовријте малку од млекото, а останатото изматете го во смесата со жолчки.




Откога млекото ќе зоврие додајте ја кремастата смеса и повремено мешајќи на рингла, оставете да се готви се додека да згусне и да добие густина како пудинг. Тргнете од рингла и покријте со проѕирна фолија додека кремот да се стврдне.




Откога ќе ја подготвите кората и ќе ја прелиете со ладното млеко, изматете го пенасто путерот за кремот, па додајте го во таа смеса и повторно изматете со миксер до соединување.




Кремот се прелива врз бисквитот и подеднакво се распоредува. На крајот, подгответе 2 шлаг пени според упатството на ќесичката и распоредете ги на врвот како кремот. Оставете го колачот да излади преку ноќ во фрижидер, така е најубав. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.