Мелениот орев во комбинација со мед претставува одличен природен лек чија лековитост не може да се спореди ниту со најмоќните фармацевтски производи.
Оваа вкусна комбинација од орев, мед и цимет, на нашиот организам му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, белковини, масти, јаглехидрати..
Тоа е природен лек, без разлика дали се консумира во облик на чај, лесен попладневен напиток, после напорен ден или како крем за досадни младешки мозолки…
Ако ве интересира, прочитајте го текстот до крај.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА АНЕМИЈА – Подгответе смеса од 500 г мед и 500 г мелени ореви, додадете сок од еден поголем лимон или два помали.
Сето добро измешајте го со дрвена лажица. Употреба: по 1 лажица, трипати дневно, за исцрпен и анемичен организам.
КРВЕН ПРИТИСОК – Измешајте 200 г мелени ореви и 200 мл мед. Земајте секојдневно во период од 45 дена.
ЕРЕК-ТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА – Уште многу одамна ова е испробан рецепт, мелени ореви помешани со мед во ист однос: 200 г ореви и 200 мл мед.
Се консумира по 2 лажици 2-3 пати на ден, 30 минути пред јадење. За да се постигне саканиот ефект, терапијата треба да трае од 20-30 дена.
НАСТИНКИ – 1 лажица мед и ¼ мелен цимет, еднаш дневно во текот на три дена. На овој начин се ослободувате од хронична кашлица, настинка и болки во синусите.
ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ – Се верува дека секојдневното консумирање на чај со мед и цимет може да го продолжи животот.
Измешајте 4 лажици мед со една лажица мелен цимет и 3 шолји вода, проварете и направете во облик на чај.
Пијте по ¼ шолја 3-4пати дневно. Вашата кожа ќе ви благодари, ќе стане мека, свежа и ќе се испеглаат помалите брчки.
МОЗОЛКИ И АКНИ – Измешајте 3 лажици мед и 1 лажица цимет во прав. Нанесете од оваа смеса врз акните пред спиење и фиксирајте со газа а наутро измијте се со топла вода.
Или пак, доколку немате потреба од излегување, тоа сторете го преку ден, важно е смесата да се остави да делува подолго повреме.
УМОР – Измешајте ½ лажица мед и ½ лажица цимет во прав во чаша вода, па ова испијте го во попладневните часови кога најмногу чувствувате умор.
Секојдневното консумирање на овој мирисен и фин напиток ќе ја зголеми вашата виталност во рок од една седмица.
ЛОШ ЗДИВ – Измешајте 1 лажица мед и 1 лажица цимет во прав со малку топла вода (половина шолјичка) секое утро плакнете ја усната шуплина, па вашиот здив ќе биде свеж во текот на целиот ден.
ЗА ГЛАВОБОЛКА – Не само што е многу вкусна комбинацијата од мед и ореви, туку навистина е докажано дека помага и при проблеми со главоболка и несоница.
Консумирајте по една лажица мед со 3-4 цели ореви и тоа секојдневно или кога ќе почувствувате дека ќе ве заболе глава.
ЧАЈ ОД ОРЕВИ ЗА СЛАБОКРВНОСТ – 20 свежи листови од орев варете ги во 1 литар вода околу 15 минути. Процедете. Пијте по една шолјичка чај пред оброк, двапати дневно.