Некогаш не сме задоволни со изгледот на нашите гради. Со текот на годините тие ја губат својата цврстина, особено после доењето.
Можете да ја правите следната вежба за да го подобрите изгледот на вашите гради:
Легнете на грб и во двете раце земете тегови од 2 кг, или нешто со истата тежина. Подигнете ги рацете рамно над градите, а потоа спуштете ги до телото колку што можете побрзо, како да сте авион. Повторно подигнете ги над градите. И уште еднаш повторете ја вежбата.
Оваа вежба правете ја во 3 серии по 10, секој втор ден. Ќе забележите подобрување.
Природен лек – второ решение:
Земете ладно цедено маслиново масло и нанесете го на градите додека лежите. Масирајте ги градите така што ќе направите 10 круга околу секоја дојка. Правете го ова трипати седмично.
Ова масло е одлично и за вашата коса. Потребно е да го масирате темето и така да оставите да делува најмалку половина час. Потоа убаво исперете ја косата со шампон.
Маслиновото масло е одличен сојузник за здраво слабеење па обидете се што почесто да го имате на вашето мени.