Ова е проверен лек, сега го пие татко ми, а претходно го пиеше таткото на моја пријателка кој си го решил проблемот со овој едноставен природен лек.
Мојата лекарка на последните проверки ми рече дека мастите ми биле на горна граница и повеќе, па ме советуваше многу да внимавам на исхраната ако сакам да се спасам од лекови кои се пијат доживотно.
Затоа и јас започнав да го пијам, зашто ми се виде многу едноставен – немав што да изгубам. За еден месец крвта ми е одлична и ослабев 5 кг! Секако, по препораката на докторката почнав да внимавам и на исхраната. Еве вака оди рецептот:
Во чаша млеко (150 мл) (наутро) се цеди сок од половина лимон, се додаваат 5 суви каранфилчиња и се остава на собна температура до после пладне или навечер. И тоа треба да се испие.
После навечер истото го правите со втората половина од лимонот, а го пиете наутро. Континуирано се пијат по две чаши дневно, наутро и навечер. Се пие еден месец, па се прави пауза од 2-3 недели, се контролира крвта и по потреба се повторува.
Во секој случај не може да наштети, затоа што од млекото и лимонот се добива нешто како јогурт.
Кој не смее да пие млеко од „Х“ причини, тогаш може да го прави со вода во која сте отстојале 10-тина каранфилчиња, ½ лимон и непосредно пред пиење се додава прстофат сода бикарбона. Наместо лимон може да се стави и една супена лажица јаболкова киселина.
НАПОМЕНА: Ова е лично искуство и секој треба да внимава на контраиндикации и да се советува со својот лекар.
Овој зачин е моќна помош при лекувањето на некои потешки болести, висок шеќер во крвта, висок притисок, разни видови болки и паразити во организмот
Најпрво проверете дали каранфилчето што сте го купиле е добро.
ТЕСТИРАЊЕ
За да проверите дали е добро и квалитетно каранфилчето стевете го во чаша со вода.
Ако лебди на површината исправено, тогаш е добро – значи дека содржи квалитетни и лековити масла поради кое е делотворно и ефикасно.
Ако плови хоризонтално или ако потоне на дното од чашата, тоа е знак дека не треба да го користите.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА
Природниот лек се состои од од зачини со привлечен мирис и вкус- цимет и каранфилче, а многу лесно се приготвува. Овој природен лек го поттикнува метаболизмот и делува многу поволно врз целокупното здравје.
Може да послужи и за слабеење.
Циметот, меѓу другото, има способност за регулација на шеќерот во крвта, делува против габичните инфекции, ја намалува подуеноста на стомакот и претставува моќен антиоксиданс.
Каранфилчето не заостанува многу зад циметот кога станува збор за лековитите својства. Овој зачин помага за ослободување на телото од токсини, ублажува забоболки и влијае поволно врз здравјето на срцето.
Потребни состојки:
2 стапчиња цимет
30 г каранфилче
5 литри вода
Постапка:
Циметот и каранфилчето ставете ги во вода во стаклена тегла од 5 литри која ќе ја сместите во најдолниот дел од фрижидерот. Оставете да отстои 4-5 денови.
Употреба:
Консумирајте по 100 мл од овој напиток (можете да процедете, но не морате), наутро, на гладно.
Кога ќе ви останат само 400 мл од овој напиток, направете нова доза. После испивање на 3 дози, направете пауза од 15 дена, и по потреба повторете го третманот.
ТИНКТУРА ОД КАРАНФИЛЧЕ
Потребни состојки:
20 г каранфилче
100 мл 70% алкохол
Постапка:
Каранфилчето грубо сомелете го, прелијте го со алкохол и оставете го во затворен стаклен сад две седмици. Потоа процедете и консумирајте по 2 до 4 капки, во чаша вода.
Се користи за испирање и гаргарење на усната шуплина и грлото.
ПРИРОДЕН АФРОДИЗИЈАК
Каранфилчето е познат афродизијак. Начин на употреба: пијте по две шолји чај од каранфилче секој ден или користете по 2 капсули каранфилче во прав, двапати дневно.
Чајот од каранфилче се приготвува на следниот начин:
2-3 каранфилчиња прелијте ги со 250 мл вода и оставете ги поклопени 15 минути, да отстојат. Потоа процедете и испијте.
ЛЕК ПРОТИВ ГРИП И БОЛНО ГРЛО
Одамна е позната делотворноста на овој природен лек против настинки и воспалено грло.
Потребни состојки:
200 мл топла вода
1 лажичка свежо рендан рен
1 лажичка мелено каранфилче
1 лажичка мед
Постапка:
Во чаша топла вода измешајте ги состојките и полека пијте. Повремено промешајте за да не се наталожи ренот на дното.
ПОМАГА ВО РАСТВОРАЊЕ НА КРВНИ ГРУТЧИЊА (ТРОМБОВИ)
Каранфилчето е меѓу најздравите зачини во светот поради своите антиоксидативни својства. Постојат и тврдења дека одредени соединенија во каранфилчето делуваат како антихистаминици. Тоа е еден од најсилните природни растворувачи на крвни згрутчувања.
Данските истражувачи откриле дека каранфилчето посилно делува од аспиринот кога станува збор за растворување на крвни згрутчувања, а сепак, аспиринот на многумина е дел од терапијата за лекување на висок крвен притисок и зголемен холестерол во крвта.
Лековити својства на каранфилчето
-Консумирањето на само неколку каранфилчиња може да ви помогне да го исчистите вашето тело од токсини и штетни микроорганизми, што ќе резултира со подобрување на целокупното општо здравје.
-Помага при заштита од оштетувања предизвикани од штетните микроби, и ја стимулира енергијата во секој дел од телото.
-Помага во олеснување на забоболката. Доволно е каранфилчето да го ставите на воспаленото место за да почувствувате олеснување. Присутноста на еугенолот во каранфилчето не му дава само убава арома, туку, помага во затапување на денталната болка и отстранување на бактериите од усната шуплина.
-Има противвоспалителни својства. Каранфилчето поради тоа е одлично за лекување на воспаленија и инфекции.
-Џвакањето каранфилче може да ги ублажи дигестивните проблеми.
-Каранфилчето го подобрува здравјето на срцето и претставува добар избор за дијабетичарите.
-Помага за прочистување на крвта.
Каранфичето се бере во периодот кога е во пупка, пред да процвета
Има карактеристичен, многу ароматичен мирис, со речиси лут вкус. Овие силни зачински својства потекнуваат од високата содржина на етерични масла (околу 25%) кои во најголема мера се состојат од еугенол.
Покрај тоа, каранфилчето содржи и масла и танини. Главно се увезува од Мадагаскар. Зимзеленото стебло на каранфилчето нараснува и до 20 метри а најмногу му одговара влажно-топла морска клима.
Бербата започнува штом пупките целосно се развијат и добијат светло црвена боја. Се берат рачно или се тресат со бамбусови стапови, па потоа се сушат на сонце.
При тоа се одделуваат плодните петелки кои можат да се дестилираат во масло. Процесот на сушење завршува кога пупките ќе добијат темнокафеава боја и кога ќе бидат дехидрирани со содржина на вода од 12 до 16%.
Еден тон свежи пупки дава 240 килограми суви каранфилчиња
Во кујната се користи за ароматизирање на разни слатки, овошни јадења, пијалаци и конзервирано овошје (компот од кајсии, на пример), но исто така и како додаток на свинско печено и дивеч, темни супи и некои видови колбаси
Каранфилчињата се содржат и во многу видови кари-сосови, зачински мешавини и други сосови.
Маслото од каранфилче се употребува во медицината како средство за желудник, антисептик и стимуланс, а неопходно е и во денталната медицина, во индустријата за парфеми и козметика.
Во производството на ликери каранфилчето е една од најчесто употребуваните состојки. Маслото се употребува за производство на сапуни, за осликување на порцеланот, за производство на еугенол, изоеугенол и ванилин.
НАПОМЕНА: Бремени и доилки не треба да користат каранфилче.
Каранфилчето како лек не смее да се користи две седмици пред било каква хируршка операција. Секој пред консумација и употреба треба да се советува со својот лекар.
сoolinarika.сom