-Вкусен и домашен лек за регенерација на бели дробови кај пушачи, за имунитет, за сува и продуктивна кашлица-

Ова е вкусен и здрав природен лек кој го чува вашето здравје и го зајакнува имунитетот.

Се користи за лекување на:

-бронхит,
-за прочистување на белите дробови,
-за сува и продуктивна кашлица,
-болно грло
-а особено е добар за пушачите.

Единствено не смеат да го консумираат оние кои се алергични на мед и таан.

Потребни состојки:

500 г мед
500 г таан
2 мали лажички мелено ленено семе
1 мала лажичка мелен синап

Постапка:

1.Во пластичен сад се ставаат сите состојки и убаво се мешаат.

2.Откако мешавината ќе се изедначи, складирајте во чисти, стаклени тегли.

3.Двете тегли убаво се затвораат и се чуваат на собна температура.

Употреба:

Се зема со пластична лажичка едно наутро и едно навечер на гладно.

Рецепт и фото: Божиновски