За овој колач не вклучувате миксер, ви требаат две чаши и само еден сад ќе извалкате, а вкупно ви се потребни само неколку минути за да го направите десертот.
За мерка се користи чаша од 200 мл
Потребни состојки:
1 чаша јогурт
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша кокос
1 ванилин шеќер
2 чаши шеќер
2 чажи брашно
1 лажичка прашок за печиво
За глазура:
100 г чоколадо
3 лажици масло
Постапка:
По тој редослед, со лажица или шпатула замесете ги сите состојки (јас оставам неколку минути шеќерот да се растопи во јогуртот и млекото). Намастете и набрашнете помал плех 20х17 и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути.
Проверете со чепкалка дали е печено. На пареа или на тивок оган, растопете чоколадо со масло и прелијте преку колачот. Штом глазурата ќе се стегне, можете да ги сечете штанглите.
А можете и вака: во третина од смесата ставив лажица какао и вака добивате мраморен колач.
Колачот е сочен и вкусен, воопшто не е сув.