Артеросклерозата е болест која настапува поради затнување на артериите со масти и оштетување на нивните ѕидови.

Тоа затнување го спречува нормалниот проток на крвта, поради кој може да настане исхемија, срцев застој, мозочен удар, па дури и до фатален исход.

Поради тоа секој од нас мора сериозно да внимава што јаде, да се намали внесот на масти и шеќер и да се практикува физичка активност.

Покрај ова, ви го претставуваме и рецептот за природен лек кој се споделува на социјалните мрежи, а кој успешно помага во прочистување на артериите.

Потребни состојки:

1 литар вода
100-150 г суво грозје
2 лажици сечкан корен од ѓумбир
2 лажици мед
4 лажици зелен чај во прав

Постапка:

Ставете ја водата на оган да зоврие, додадете го ѓумбирот, па исклучете го огнот и кога водата малку ќе подизлади, додадете го зелениот чај.

Оставете да отстои (ако користите кесички пригответе ги според упатството и извадете ги по 3-4 минути). После 10 минути додадете го сувото грозје и медот.

Покријте го садот и оставете го да отстои 1-2 часа. Процедете го, а од течноста пијте по една чаша, двапати дневно, пред оброк. Остатокот чувајте го во фрижидер. Ќе забележите подобрување. Секако, потребно е да намалите внес на сол и масти.

Сувото грозје кое ќе набубри, исто така јадете го по 10-тина зрна наутро, исклучително се добри за срцето и жолчното кесе.