Home Останато Корисно За интензивни бои на избелените алиштата, додадете една состојка која сите ја...

За интензивни бои на избелените алиштата, додадете една состојка која сите ја имате во кујна

Забележавте дека вашите алишта ја губат својата боја?… Еве едноставно решение- употребете мелен црн пипер!

Дали знаете кој е најупотребуваниот зачин во целиот свет? Пиперот! Во зрна или мелен, неизоставен е во кујната на сите меридијани… така било уште многу одамна, а така е и денес.

Покрај тоа што пиперот се користи во чорбите, супите, разни динстани јадења, гулаш, солени пити, маринади, месни преработки и разни други јадења, можеме да го користиме и за сосем други цели, во домаќинството…

Имено, ако сте забележале дека вашите алишта со текот на времето и честото перење, започнува да ја губи својата оригинална боја, – употребете го црниот пипер.

Во детергентот кој обично го користите за перење на алиштата ставете една мала лажичка мелен црн пипер. Тој ќе делува како фиксатор и ќе ја сочува бојата на алиштата, а водата ќе го испере и нема воопшто да се забележува дека бил употребен, освен што гардеробата повторно ќе ви изгледа како тукушто да сте ја купиле…