Home Останато Убавина и нега За еден месец ми се намали опаѓањето на косата за 80 проценти...

За еден месец ми се намали опаѓањето на косата за 80 проценти со оваа тинктура!

Овој рецепт го најдов на интернет и таму пишува да се користи 70% алкохол, ама јас ставам обична, домашна ракија 30-40%

Потребни состојки:

250 мл алкохол
7-8 чешниња лук, ситно сечкани.

Постапка:

Состојките се затвораат во стаклена тегла да отстојат 10 дена, а секој ден повремено треба да се протресе.

После 10 дена се процедува.

Со оваа тинктура се мачка кожата на темето.

Јас користам шприц за нанесување, по 2 мл. Убаво треба да втрие коренот кафе што најмногу опаѓа косата.

Порано кога се миев ми паѓаа по 80-100 влакна, а сега максимум 20.

Е сега, мириса, не велам дека не мириса, ама помага многу, барем кај мене помогна.

Јас се мачкам навечер, па сабале кога ќе станам се мијам и после тоа многу малку мириса, се осеќа ако некој ептен те помириса во косата.

Може и некој витамин да се зема, јас на пример користам пивски квасец 3х2.

Мене многу ми се намали опаѓањето за еден месец користење и тоа 80%.

Може да се додава и зелен чај, коприва, рузмарин, ама лук си е лук.