За комбинацијата на овие две состојки сме пишувале многупати, но секојпат науката открива нешто ново и полезно, кога станува збор за здравјето на човекот и бенефитите кои може да се добијат од овие две, навидум едноставни состојки. Мед и цимет – асоцираат на есен и пријатност, зачинска арома која потсетува на медена ливада и ориентални зачини.

чај од овес со стапче цимет




И медот и циметот одамна се познати како супстанции кои имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето. Природниот пчелен мед е вистински лек за многу болести. Медот е добар за настинки и воспалителни заболувања, болести на зглобовите, кожни болести и многу други проблеми.




Исто така е познато дека медот може да се користи без никакви несакани ефекти за секаков вид на болест. Циметот е ориентален зачин што може да се користи во секое јадење: во десерти и сосови, па дури и со месо.

Cara Faus / Flickr.com

Но, кинеските исцелители знаеле многу повеќе за циметот и го сметале за безбеден лек за стотици болести. Еден од најпопуларните зачини, циметот, е направен од неговата кора.




Во азиските земји, некогаш се мислело дека не постои таква болест што циметот нема да ја излечи. Се користи во третманот на кардиоваскуларни заболувања, за лекување на болести на гастроинтестиналниот тракт, за зголемување на апетитот, зголемување на енергијата.




Циметот е исто така добар за црниот дроб, бубрезите, циркулаторниот систем, ја подобрува меморијата и помага да се продолжи младоста. Сепак, не само древните, туку и современите научници ги препознаваат лековитите својства на циметот, особено во комбинација со мед.




Едно истражување, спроведено на Универзитетот во Копенхаген за тоа како циметот во комбинација со мед влијае на непри-јатната хронична болест -артритис, дошло до следните резултати: само еден месец од користењето на оваа смеса дошло до подобрување на состојбата кај повеќето па-циенти, а кај 37% од нив, тегобите целосно биле ублажени.




Истите студии покажале дека медот и циметот делуваат на намалување на нивото на холестерол, враќајќи го во нормални граници и зајакнувајќи го имунолошкиот систем. Комбинацијата од цимет и мед е одлична против настинки и кашлица, па дури и за затнат нос.

За да го приготвите овој природен лек, потребно е да сварите билен чај и во него да додадете 2 лажици мед и 3 лажици цимет. Секако, циметот треба да биде цејлонски, бидејќи се смета дека токму овој цимет ги поседува лековитите својства. Редовното конcyмирање на оваа комбинација помага во намалување на холестеролот за 10%.




Напитокот може да го пиете во ист сооднос, но наместо во чај да до додадете во зовриена, а потоа малку изладена вода. За холестерол, исто така се препорачува и наутро, наместо џем или мармалад на лебот, намачкајте мед со цимет. Редовното консумирање на овој појадок ќе ви помогне да спречите срцев у дар и да го намалите нивото на холестерол во кр-вта.




Против артритис: Две лажички мед и една лажичка цимет додајте на 200 мл топла/млака вода. Овој напиток се пие наутро и навечер и помага при лекување на хроничен артритис.

Против воспаление на жолчното кесе: Ако имате воспаление на жолчното кесе, можете да го користите рецептот за артритис со таа разлика што во топлата вода ќе додадете две лажички цимет и една лажица мед.




Против настинки: Јадете мешавина од една лажица мед со половина лажичка цимет. Редовно земање на оваа мешавина ќе помогне во лекување на настинка, хронична кашлица и затнати синуси. Лекот може да се дава и на деца над 2 години, но со помалку цимет и доколку не се алергични на мед и полен, секако, со претходна конcyлтација на лекарот .




Зајакнување на имунолошкиот систем: Се препорачува редовно да ги конcyмирате овие две намирници, бидејќи тие помагаат во зајакнување на вашиот имунолошки систем и го штитат вашето тело не само од бактерии, туку и од вируси. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.