Пред да започнете со овој неверојатен рецепт кој ќе ве спаси од висечкиот стомак и салото околу половината, сепа, мора да се посоветувате со вашиот доктор за евентуално постоење на некои здравствени ризици од прекумерна тежина во пределот на абдоменот, па со негови препораки да започнете соодветен режим.

Потребни состојки:

½ лажица ѓумбир

½ лажица куркума

½ чајна лажичка црн пипер во прав

1 литар вода

1 мала лажичка стевија

5 супени лажици лимонов сок

Постапка:

Ставете ја водата на оган да зоврие, па тргнете и оставете 5-10 минути да лади. Во друг сад ставете ги сите други состојки и добро промешајте. Врз нив се прелива водата и добро се размешува. Добиената количина се дели на три дела и се пие во текот на денот.

Напитокот се започнува да се пие наутро, една доза, втора доза се пие пред ручек и третата пред вечера.

Третманот трае десет дена.